Lifestyle
Добро познато сценарио. Обврски, состаноци, мејлови... Бескрајна листа на обврски во денот, плус нотификации од групата за родители, пријателките се обидуваат да ве договорат за кафе... А вие по трет пат го читате
Светот го одбележа Меѓународниот ден на кафето Ние го искористивме поводот за да поставиме едно поважно прашање: како всушност ги започнуваме нашите…
Терапијата со црвено LED светло (red light therapy), односно фотобиомодулација, во последните години излезе од дерматолошките ординации и стана дел од секојдневните beauty и wellness рутини Денес ја среќаваме во LED маски, панели за целото тело, третмани во салони, но и во програми за закрепнување по…
Повеќе
Неделата може да се влече бавно, а може и да пролета, но многу нешта можат да се направат за само седум дена. Иако можеби нема суштински да го промени вашиот живот во корен, неделниот план е сосема доволен за да воспоставите нова, здрава рутина.
Купувањето производи со ознаки како „eco-friendly“, „green“, „carbon neutral“ или „sustainable“ на многумина им дава чувство дека прават нешто добро за планетата. Бамбусовата четка за заби, памучниот цегер или електричниот автомобил често ни изгледаат како наједноставни начини да го намалиме нашето влијание врз животната средина.
Хидратацијата на кожата е неопходна, особено во текот на летото. Но, обично нејзиниот недостиг го забележуваме дури кога тенот ќе ја изгуби свежината, лицето изгледа поуморно, а шминката повеќе го нема истиот ефект. Не трагајте по сложени решенија, бидејќи одговорот најчесто е многу едноставен: на кожата ѝ недостига влага.
Некогаш се подразбираше дека повеќето жени еден ден ќе сакаат брак и деца. Денес, меѓутоа, за жените од генерацијата З (Gen Z) семејството и мајчинството повеќе не се подразбираат. Младите жени сè поотворено зборуваат за тоа дека не се сигурни дали сакаат да станат мајки.
Кај многу жени, грижата за пари предизвикува напрегнатост дење и несоница ноќе. Помеѓу растечките цени и несигурното вработување, можноста да го изгубите сето она за кое толку напорно сте работеле изгледа застрашувачки блиску. Секако, финансискиот стрес во променлива економска клима не е ништо ново. Но, кај многумина тој страв се разви во постојана анксиозност поради финансиска несигурност. Феноменот стана толку распространет што сега има и свое име: „Bag Lady“ синдром.
Постои една теорија која многумина веднаш ќе ја препознаат, дури и ако никогаш не го слушнале нејзиното име. Се вика Теорија на четири рингли. Идејата е едноставна. Замислете дека вашиот живот е шпорет со четири рингли. Едниот го претставува семејството, вториот пријателите, третиот здравјето, а четвртиот работата. Според оваа теорија, за да постигнете вистински успех во една област од животот, речиси е неизбежно да го намалите „пламенот“ на еден или на повеќе од преостанатите рингли. Тоа е малку непријатна метафора, зарем не? Бидејќи ако сме искрени, повеќето од нас имале периоди кога ринглата на работата била вклучена до максимум, додека некоја друга едвај тлеела.