„Bag Lady“ синдромот погодува повеќе жени од кога било: Како да ја избегнете претераната грижа за пари?

Кај многу жени, грижата за пари предизвикува напрегнатост дење и несоница ноќе. Помеѓу растечките цени и несигурното вработување, можноста да го изгубите сето она за кое толку напорно сте работеле изгледа застрашувачки блиску. Секако, финансискиот стрес во променлива економска клима не е ништо ново. Но, кај многумина тој страв се разви во постојана анксиозност поради финансиска несигурност. Феноменот стана толку распространет што сега има и свое име: „Bag Lady“ синдром.

sindrom-6033-fi

Извор: Lummi/West Kast

Што е „Bag Lady“ синдром?

Овој термин опишува личност која има длабок, честопати ирационален страв од финансиска нестабилност. Тоа е мачна потиштеност дека вашата банкарска сметка ќе достигне нула и ќе ве остави на улица со работите кои можат да соберат во само една торба.

Иако тоа не е медицинска или клиничка состојба, сепак ја одразува многу реалната анксиозност околу трошењето на заштедите и губењето на финансиската независност. Овој синдром ги погодува жените од сите нивоа на приходи, дури и оние поимотните. Истражувањата покажуваат дека грижата за пари во половина од случаите нема никаква врска со ниските приходи.

Како грижата за пари може да ве доведе до финансиска анксиозност

Причини за „Bag Lady“ синдромот

Сите жени можат да бидат погодени од овој синдром, бидејчу сите се грижат за пари, независно од тоа колку се обезбедени во реалноста. Некој може да има значителна заштеда, а и понатаму да се грижи дека ќе остане без пари поради финансиската нестабилност што ја доживеал во минатото. Или пак, можеби бил сведок на финансиски проблеми кои уништуваат семејства, или чувствува страв од непознатото во пензионерските денови. Во многу случаи, емоционалните искуства со парите – а не реалната состојба на сметката – често го предизвикуваат „Bag Lady“ синдромот.

Исто така, важно е да се препознае дека грижата и анксиозноста за пари не се развиваат во вакуум. Во просек, жените заработуваат околу 20 проценти помалку од мажите. Освен тоа, околу 15 проценти од потенцијалното работно време го губат поради грижа за другите и пријавуваат помало чувство на финансиска писменост во споредба со мажите. Заедно, овие фактори можат да создадат многу реални финансиски ранливости кои ги прават оправдани стравовите за долгорочната сигурност.

Тој циклус на загриженост и чувството дека заостануваат зад мажите, жените тешко можат да го прекинат. Пониската заработка може да го отежне штедењето. Времето посветено на грижа за другите (деца, стари родители) може да доведе до застој во кариерата и намалување на заработката. Покрај тоа, недостатокот на финансиска писменост може да го отежне стратешкото штедење и изградбата на сигурна база за старите денови. А тоа дополнително ја поттикнува паранојата дека банкарската сметка неизбежно ќе достигне нула. Дури и жените кои се во силна финансиска позиција тешко можат да го тргнат чувството дека само еден неуспех би можел да предизвика исчезнување на сè што имаат.

Како грижата за пари се манифестира преку „Bag Lady“ синдромот

Овој синдром е особено разорувачки затоа што може да се манифестира суптилно, на безброј начини и во која било фаза од животот. Претераната конзервативност со парите е одличен пример за тоа. Секако, ова вклучува работи како што се натрупување пари и избегнување инвестиции, но вклучува и малку побизарни однесувања. На пример, долго возење до трговски центар со пониски цени, без свест дека потрошеното гориво ќе ја направи заштедата во купувањето неважна.

Исто така, а веројатно и најразорно, „Bag Lady“ синдромот се манифестира емоционално. Покрај губењето на сонот или опсесивното кратење на трошоците, грижата за пари со текот на времето може да влијае на менталното здравје и квалитетот на животот. Идејата дека ќе станете товар за членовите на семејството, или дека ќе бидете препуштени сами на себе и без сигурни приходи, ја уништува животната радост. Преплавени со анксиозност, можете да си скратувате многу нешта и да живеете далеку под вашите можности.

Проактивни чекори со кои грижата за пари може да се намали

Направете сеопфатен финансиски план

Креирањето на сеопфатен и детален финансиски план е еден од најефикасните „противлекови“. Стравот расте во неизвесност. Ако ги разбирате и ги планирате штедењето, пензијата и долгорочните финансиски потреби, анксиозноста можете да ја замените со самодоверба.

За да го направите тоа, потребно е да процените колку ве чини животот сега. Потоа, проценете како тие трошоци ќе се менуваат со текот на времето врз основа на вашите цели. Ако вашите цели вклучуваат унапредување, стекнување недвижен имот, патување или основање семејство, ќе добиете претстава колку мора да вложите и колку можете да издвоите и да заштедите.

Автоматизирајте го вашето штетење

Изградбата на финансиска сигурносна мрежа може да ви помогне да го смирите вашиот нервен систем и да престанете да се стресирате за парите.

Еден од наједноставните начини за напредок е автоматизацијата на вашето штетење. Подесувањето на редовни трансфери за целите на штедење и фондот за итни случаи ја елиминира потребата за донесување одлука секој месец и помага штетењето да стане навика, а не емоционален избор. Со текот на времето, тие константни придонеси можат да прераснат во значајна финансиска сигурност без потреба од постојани напори или сила на волјата.

Грижата за пари како начин на размислување

Подобрувањето на вашата финансиска писменост може да помогне во промената на начинот на размислување за парите и смирувањето на стравовите од иднината. Слушајте подкасти за управување со финансии, читајте книги, запишете некој курс. Со текот на времето подобро ќе разберете како да ги користите алатките што ги имате и да управувате со вашите финансии мудро и без страв.

Преодовањето на „Bag Lady“ синдромот се сведува на чувство на финансиска и емоционална сигурност и подготвеност за сè што може да ви се најде на патот. Развивањето здрави финансиски навики, подобрувањето на финансиската писменост и фокусот на подготовка наместо на страв, може да ви донесе долгорочна стабилност и душевен мир.

Извор: easylife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.