Сепак, дејтинг теоријата на позитивни исходи помага да го намалите притисокот. „3P“ формулата сугерира дека секој прв состанок води до еден од три позитивни исходи: Potential (Потенцијал), Plot (Заплет) или Practice (Пракса).
Главната поента: Воопшто ништо не мора да се случи или да се одвива онака како што сте очекувале, се надевале и посакувале, за сè да биде во ред.
Дури и ако целосно се разочарате или се здосадите, тоа е вредна лекција за реалните очекувања. Тоа е директна порака следниот пат да ги ублажите своите проекции, останувајќи со отворен ум и срце. Вашето искуство со состаноците во секој случај ќе биде унапредено и ќе научите нешто ново за себе или за другата личност. Ако сте склони кон „овертинкинг“ (претерано размислување) пред првиот состанок, оваа теорија нуди корисни насоки за управување со очекувањата. А токму очекувањата се она што предизвикува разочарување: потрагата по „онаа вистинската/оној вистинскиот“ и други нереални очекувања кои ве саботираат во љубовта.
Што е всушност „3P“ дејтинг теоријата?
Оваа теорија ја осмисли Серена Кериган (Serena Kerrigan), актерка, писателка и авторка на претстојната книга „Let’s Fcking Date“. Како што веќе споменавме, таа сугерира дека секој прв состанок носи еден од трите позитивни исходи. Кога ќе почнете да размислувате во тој правец, можете целосно да го смените својот став кон состаноците. Можете да се опуштите и да тргнете на првата средба отворени за искуство, наместо да се грижите дали (пак) ќе се разочарате или каков впечаток ќе оставите.
Ова ви овозможува на состаноците да гледате како на можности за личен раст, а не како на интервју за избор на потенцијалната љубов на вашиот живот. Кога ќе го тргнете толку високиот влог (претераните очекувања), дејтингот повторно станува забавен. Притисокот се намалува, бидејќи без оглед на тоа како ќе помине средбата, си заминувате со нешто позитивно.
1. Потенцијал (Potential)
Лесно е да се почувствува занос и да се прецени некој што допрва го запознавате. Дури и кога сте свесни за тој шаблон, со задоволство му се препуштате бидејќи чувството е фантастично. Доволно е да ги сакате истите филмови и музика и другата личност да обожава мачки, па во главата да почнете да одмотувате романтични филмови. Ако притоа најдете и нешто привлечно во физичкиот изглед, брзината на патеката на заљубувањето излегува од контрола.
Сè е тоа нормално, а често и највозбудливиот дел од искуството. Но, на крајот најверојатно ќе ве доведе само до зголемена анксиозност и стрес. Со други зборови, пресретнете ја првата дејтинг замка, наместо да паднете во неа. Тоа што го чувствувате е само препознавање на потенцијалот. И тоа е супер. Меѓутоа, тоа не е потенцијал за вечна љубов, туку само за следна средба.
Размислувајќи на овој начин, можете да ги скротите своите фантазии за свадби и да останете приземјени. Фактот е дека сè уште не знаете ништо за другата личност, освен неколку пријатни факти. Дозволете си да се радувате на можноста повторно да се сретнете, но останете на тоа. Задржете ја позицијата на набљудувач, која ви овозможува поширока перспектива.
2. Заплет (Plot)
Наједноставно кажано, првиот состанок веројатно ќе исполни некои ваши очекувања, но исто така веројатно ќе донесе и некој пресврт што не сте го очекувале. Можете да откриете дека другата личност е теснограда во некои ставови или аспекти од животот каде што вам ви е важна ширината. Или можете да препознаете некои сериозни „црвени знамиња“ (red flags) – кои никако не треба да ги игнорирате. Искрите што сте ги чувствувале при допишувањето, во живо можат целосно да излижат.
И тоа не е неуспех, тоа е она за што служи дејтингот. Ќе имате многу такви искуства кои на крајот нема да бидат ништо повеќе од комична приказна со која ќе ги насмевувате пријателите. Тука доаѓаме до второто „Р“ – plot (заплет).
Пресвртот кој го доживувате како поливање со кофа ладна вода ве враќа во реалноста. Можете да ја согледате смешната страна на своите очекувања и покрај разочарувањето да почувствувате и олеснување. Добро е што тој заплет се одиграл веднаш на првиот состанок и што не сте влегле подлабоко во таа приказна, само за подоцна од неа да избегате повредени и лути на самите себе.
3. Пракса (Practice)
Без оглед на тоа дали пред состанокот сте умирале од трема, или во текот на средбата навлекувате лажна насмевка бидејќи умирате од досада, тоа е искуство од кое се учи. Најдовте храброст да се изложите и добивате нешто од тоа. Сфатете ја таа средба како прилика за вежба, наместо да се колнете дека никогаш повеќе нема да излезете на состанок.
Толку многу нешта можете да откриете за себе, за своите стандарди и шаблони на однесување. Ако откриете дека повторно сте „паднале“ на ист тип на привлечност која нема основа во реалноста – тоа е скапоцена информација со која можете да работите.
Уште подобро е што вашите сознанија не мора дури ни да бидат поврзани со љубовните состаноци. Можеби ќе откриете дека сте динамичен раскажувач или другата личност ќе ви постави прашање за кое никогаш не сте размислувале. Или едноставно ќе ја откриете вашата нова омилена храна во ресторанот! Убавината на дејтингот доаѓа од испробувањето различни нешта, затоа искористете го тоа.
Како да ја примените „3P“ теоријата во пракса?
Иако дефинитивно е полесно да се каже отколку да се направи, вклучувањето на оваа теорија се сведува на свесно набљудување на состаноците како практика на самоспознавање:
- Гледајте на состаноците како на мали епизоди во серијата на вашиот живот и одвојте се од сите очекувања.
- Пред состанокот, поставете си намера која нема никаква врска со импресионирање на другата личност. Тоа може да биде намера да бидете поприсутни, повнимателно да набљудувате или да забележувате како се чувствувате во друштво на таа личност.
- По состанокот, наместо да се прашувате дали и се допаднавте на другата личност, запрашајте се што научивте (за себе).
Оваа промена на перспективата со текот на времето ќе придонесе дејтингот помалку да го чувствувате како „јавен настап“, а повеќе како прилика подобро да се разберете себеси, своите желби и потреби.
Ниту едно искуство не е неуспех, сè додека во него можете да пронајдете лекција. Кога ќе размислите подобро, така станувате посестрана, посамоуверена и поинтересна личност. Оваа теорија служи и како потсетник да си покажете емпатија кон самите себе кога работите не одат по план. Опуштете се, намалете ги очекувањата и забавувајте се запознавајќи некој нов.
Можеби звучи како клише, но кога ќе прифатите дека смислата на состаноците не е по секоја цена наоѓање партнер, туку воспоставување подлабок однос со самите себе тогаш сè си доаѓа на свое место.
Извор: wannabemagazine.com