Во претходна објава на платформата X, Arkham понуди награда од 50.000 ARKM токени за секој што ќе може да ги идентификува хакерите. Подоцна, компанијата објави дека ончejн детективот ZachXBT доставил „дефинитивен доказ“ дека напаѓачите биле токму севернокорејската хакерска група Lazarus.
„Неговиот извештај вклучуваше детална анализа на тестните трансакции и поврзаните паричници што биле користени пред експлоатацијата, како и повеќе форензички графикони и временски анализи,“ се наведува во соопштението.
Хакерски напад што го потресе крипто пазарот
Ова хакирање предизвика огромни турбуленции на крипто-пазарот и доведе до значителен пад на цените на повеќето криптовалути. Том Робинсон, коосновач и главен научник на компанијата Elliptic, ја нарече оваа кражба „најголемата крипто-кражба на сите времиња, со значителна разлика“.
„Втората најголема кражба на криптовалути би била онаа од 611 милиони долари украдени од Poly Network во 2021 година. Всушност, оваа кражба може да биде и најголемата единечна финансиска кражба во историјата.“
Според Nansen, провајдер на податоци за блокчејн, хакерите првично ги повлекле средствата во вредност од речиси 1,5 милијарди долари од Bybit во главен паричник, а потоа ги распоредиле на повеќе други адреси.
„Првично украдените средства беа префрлени во примарен паричник, кој потоа ги распределил во повеќе од 40 различни паричници,“ изјави Nansen за CoinDesk.
Како е извршен нападот?
Се чини дека нападот бил можен поради ранливост позната како „Слепо потпишување“ (Blind Signing), каде што трансакцијата на паметен договор се одобрува без целосно разбирање на нејзината содржина.
Ова хакирање ја нагласува ранливоста на криптовалутните размени и важноста на засилените безбедносни мерки во дигиталниот финансиски свет.
Извор: bizlife.rs