Оваа трансформација е резултат на континуираниот технолошки напредок, проширувањето на глобалното присуство и промените што ги носи новата ера на AI. За HONOR, вештачката интелигенција повеќе не претставува само функција во рамките на еден уред, туку основа за создавање поврзан систем во кој различни уреди комуницираат, соработуваат и се приспособуваат на потребите на корисниците.
Од паметни телефони до целосен екосистем на AI уреди
HONOR повеќе не се позиционира исклучиво како производител на паметни телефони. Со претставувањето на Robot Phone, нова категорија производи што ги спојува мобилната технологија, роботиката и вештачката интелигенција, компанијата го направи следниот чекор кон создавање сеопфатен екосистем на паметни уреди.
Новата развојна насока опфаќа повеќе технолошки области – од AI што функционира директно на уредот до синергија меѓу различни системи и платформи. Истовремено, HONOR продолжува да ја зајакнува својата позиција во сегментот на преклопни телефони, додека новите проекти во роботиката, мобилната фотографија и оперативните системи ја прошируваат улогата на брендот во глобалната технолошка индустрија.
Меѓу клучните иновации е AiMAGE, систем за компјутерска фотографија што ги комбинира обработката во облак и обработката директно на уредот. Партнерството со компанијата ARRI, пак, отвора ново поглавје во мобилната фотографија, со фокус на филмска естетика и професионален визуелен израз.
Паралелно со развојот на нови уреди, HONOR го претставува и Agentic OS – генерациски исчекор во однос на традиционалните оперативни системи. Наместо пасивно да извршува команди, ваквиот систем е дизајниран поинтелигентно да ги разбира потребите на корисникот и да овозможи поприродна интеракција меѓу човекот и технологијата.
Alpha стратегијата од визија прераснува во реалност
Преку својата Alpha стратегија и AHI филозофија, HONOR ја гради основата на отворен AI екосистем заснован на соработка, поврзување и заеднички развој. Наместо фокус на еден производ, компанијата создава мрежа од уреди и услуги што функционираат како единствен систем.
Резултатите од оваа стратегија се потврдени и на пазарот. Во првиот квартал од 2026 година, HONOR забележа раст од 25 проценти и покрај неповолните пазарни услови, станувајќи единствениот кинески бренд со позитивен раст во овој период.
Приходите остварени на меѓународните пазари сочинуваа повеќе од половина од вкупните приходи на компанијата, додека преклопните телефони на HONOR ја зацврстија втората позиција на глобалниот пазар. Овие резултати ја потврдуваат долгорочната развојна стратегија на компанијата и нејзината способност технолошките иновации да ги претвори во конкретен пазарен раст.
Бренд што ја разбира новата генерација
Промената на визуелниот идентитет го одразува и новиот однос на HONOR кон својата публика. Брендот повеќе не се фокусира само на техничките спецификации и перформансите на уредите, туку сè поактивно навлегува во културниот и креативниот простор на помладите генерации.
Преку партнерства со значајни глобални настани, HONOR го поттикнува духот на истражување, додека соработките со брендови од областа на дизајнот и креативните индустрии му овозможуваат својот идентитет да го претвори во израз на став, индивидуалност и храброст.
Целта е младите корисници во HONOR да не гледаат недостижен технолошки гигант, туку бренд што ги разбира нивните потреби, ги охрабрува да бидат различни и е подготвен да се развива заедно со нив.
Ново поглавје во развојот на HONOR
Новата трансформација претставува сеопфатно унапредување што ги опфаќа технологијата, индустријата, екосистемот и самата суштина на брендот. Таа не претставува завршница, туку почеток на ново поглавје во кое HONOR има амбиција самостојно да ја поставува насоката на развој.
Наместо да ги следи трендовите, компанијата се стреми да ги создава. Наместо да биде само учесник во промените, HONOR сака да биде еден од нивните главни двигатели.
Филозофијата содржана во слоганот „Dare to Be“ останува во центарот на идентитетот на компанијата. Во следната фаза од својот развој, HONOR има цел да ги обедини најкреативните луѓе од целиот свет, за заеднички да ги истражуваат границите на технологијата, имагинацијата и вештачката интелигенција.
Со новиот бренд идентитет, HONOR испраќа јасна порака – иднината на AI уредите веќе не е далечна визија, туку реалност што компанијата активно ја создава.
Извор: webmind редакција