Компанијата за е-трговија и технологија со седиште во Сиетл соопшти дека нејзините приходи за периодот од октомври до декември изнесувале 187,8 милијарди долари, што претставува раст од 10% во споредба со истиот период во 2023 година.
Добивката достигна 20 милијарди долари, додека заработката по акција изнесуваше 1,86 долари, надминувајќи ја прогнозата од 1,49 долари што ја предвидоа аналитичарите анкетирани од FactSet.
Сепак, компанијата објави дека очекува приходите за тековниот квартал да се движат помеѓу 151 и 155,5 милијарди долари, што е помалку од прогнозата на аналитичарите, кои очекуваа 158,56 милијарди. Според Associated Press, Amazon ја оправда својата прогноза со „невообичаено големото, неповолно влијание“ на курсните разлики.
Amazon е најголемата дестинација за онлајн купување во САД и долго време профитира од зголемената потрошувачка за време на празничната сезона.
Како и во претходните години, компанијата започна со промотивни понуди уште во октомври за да ги привлече потрошувачите пред празниците. Исто така, Amazon нудеше и други попусти во текот на тромесечниот период, вклучувајќи ги големите шопинг настани како „Црн петок“ и „Сајбер понеделник“.
Извор: Bizlife.rs