Мали чекори, големи срца: Хуманитарната мисија на тимот на Expanda

Од оние кои пораснаа, за оние кои допрва растат: Како Expanda донесе насмевки во СОС Детско село

expanda-5353-fi

Извор: Expanda

Во секоја компанија постојат моменти што не се мерат со бројки, туку со човечност. Таков момент беше и иницијативата на вработените во Expanda за поддршка на најмалите во СОС Детско село.

Вработените во компанијата Expanda реализираа хуманитарна иницијатива со која опрема, облека, обувки и играчки од своите деца донираа за бебињата и малите дечиња кои растат во СОС Детско село.

Акцијата беше исклучително добро прифатена од тимот, вработените носеа: колички, детска облека, обувки, играчки и друга опрема, предмети кои веќе ја завршиле својата улога во едно детство, но можат да значат многу за некое друго дете.

Собраните донации потоа беа однесени во СОС Детско село, каде што беа предадени на тимот кој секојдневно се грижи за растот и развојот на децата.

Иницијативата носи симболична, но силна порака: од оние кои пораснаа, за оние кои допрва растат.

Иницијативата се роди многу спонтано, преку еден случаен разговор со воспитувачите од Детско село, кои со невидена енергија и посветеност се грижат за секое дете. Заклучивме дека имаат многу бебиња и мали деца, информацијата ја споделивме со нашите колеги, па природно се јави желбата да им дадеме нова вредност на предметите со кои растеа нашите деца. Среќни сме што како тим успеавме да покажеме дека заедно можеме да направиме вистинска разлика за најмалите во СОС Детско село.“ – изјави Тамара Шилев од Експанда

Со оваа иницијатива, компанијата уште еднаш потврдува дека корпоративната одговорност не се мери само преку деловните резултати, туку и преку вниманието и грижата за заедницата.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.