Интелигентна продуктивност со Galaxy S25 и Galaxy S25+

Паметните телефони Galaxy S25 и Galaxy S25+ пристигнaa како дел од револуционерната Galaxy S25 серија, која ги поставува новите стандарди за мобилно искуство.

inteligentna-produktivnosts-2945-fi

Извор: Samsung

Опремени со напредна вештачка интелигенција Galaxy AI, овие уреди го прават секојдневниот живот побрз, попаметен и поинтуитивен. Со само еден допир вашите апликации се активираат да работат во синхронизација, овозможувајќи ви да завршите повеќе задачи истовремено без прекини.

Galaxy S25 и Galaxy S25+ доаѓаат со нови ВИ функции, кои ја носат мобилната технологија на следно ниво, овозможувајќи интуитивни и паметни искуства, како брзо наоѓање на стара фотографија, сумирање на вашиот ден со Now Brief, а благодарение на Personal Data Engine. Овој напреден систем анализира и обработува лични податоци директно на вашиот уред, обезбедувајќи персонализирани предлози, а воедно и заштита на приватноста. 

Популарната функција Пребарување со заокружување (Circle to Search) сега е уште побрза и попаметна, автоматски препознавајќи броеви, е-пошта и URL-адреси на екранот, овозможувајќи ви веднаш да повикате, испратите порака или посетите веб-страница. Со Galaxy AI се унапредени и алатките за продуктивност и креативност како Транскрипција на повик (Call Transcript) која ги организира вашите повици со автоматска транскрипција и резиме, Помош при пишување (Writing Assist) која ја резимира содржина и форматира белешки без потреба од префрлување помеѓу апликации, како и функцијата Помош за цртање (Drawing Assist) која овозможува комбинирање на скици, текст и визуелни насоки за оживување на идеите.

Овие функции работат непречено благодарение на надградениот One UI 7, обезбедувајќи интуитивен кориснички интерфејс што ги олеснува секојдневните задачи.

inteligentna-produktivnost-2945-ps1

Извор: Samsung

Изберете го совршениот модел за вашиот стил и потреби

Galaxy S25 и Galaxy S25+ се дизајнирани да одговараат на различни стилови и потреби. Стандардниот Galaxy S25 e компактен, со  6,2-инчен екран и батерија од 4.000 mAh, достапен во 128 GB, 256 GB или 512 GB мемориски опции, додека S25+ има поголем екран од 6,7 инчи, издржлива батерија од 4.900 mAh и е достапен во 256 GB или 512 GB верзии.

Со Armor Aluminum рамка и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, овие телефони се цврсти, издржливи и стилски. Сертификатот IP68 гарантира отпорност на вода и прашина, што значи дека обата уреди се подготвени за секоја авантура.

inteligentna-produktivnost-2945-ps2

Извор: Samsung

Моќни фотографии, дење и ноќе

Новите модели носат подобрени камери благодарение на напредниот AP (Application Processor), што уште повеќе го подобрува режимот Nightography, овозможувајќи снимки со извонредна јасност и живописност дури и во ноќни услови. Функцијата Object-aware Engine интелигентно го детектира осветлувањето и го прилагодува, обезбедувајќи природни, детални портрети, и секако, благодарение на технологиите со вештачка интелигенција вградени во системот на камери, секоја слика е оптимизирана за максимална јасност и во реалистични бои.

inteligentna-produktivnost-2945-ps3

Извор: Samsung

Безбедност на највисоко ниво

Вашите лични податоци остануваат целосно безбедни благодарение на Galaxy AI и Personal Data Engine. Овој систем ги шифрира и обработува податоците директно на уредот, осигурувајќи дека нема неовластен пристап од други апликации.

Со Galaxy S25 и Galaxy S25+, добивате моќен, интелигентен и безбеден телефон кој ги предвидува вашите потреби и работи за вас. Без разлика дали сте во потрага по компактен уред или моќен смартфон со поголем екран, новата S25 серија е подготвена да го подигне вашето мобилно искуство на сосема ново ниво.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.