Создаден во 1960-тите, брендот Kérastase останува постојан предводник на женската сила и индивидуалност. Како водечки светски луксузен бренд за нега на коса, со децении им нуди на жените ширум светот персонализирана нега за коса и чувство на самодоверба секој ден.
Како што одржливоста стана тема, а грижата за животната средина неодложна потреба, новото масло Elixir Ultime, користено од жените ширум светот, комбинира иновативност и вечен луксуз и доаѓа во пакување со можност за дополнување, обезбедувајќи сјај за косата што трае засекогаш. Оригиналното шише доаѓа во пакување со 30% рециклирано стакло, додека дополнителното шише е направено од дури 95% рециклирана пластика.
Главната состојка на новата формула е дивата француска камелија, знак на француското наследство, која поседува моќни хранливи, омекнувачки својства кои ѝ даваат сјај на косата. Во 1779 година, Жозефина де Боарне, сопругата на Наполеон, го носела овој цвет како дел од својата облека, што го направило популарен во Франција. Француската камелија низ историјата и денес расте близу брегот во францускиот регион Бретања. Повеќе од 20 дена во текот на зимата, камелиите се собираат и чуваат во мраз за да ја задржат својата свежина. Дрвјата треба да бидат стари најмалку 25 години за да произведат доволно цвеќе за принос на висококвалитетен производ.
Kérastase постојано бара начини да ја оптимизира амбалажата, вклучувајќи користење на помалку нови материјали и повеќе рециклирани материјали, како и систем за повторно полнење. Почнувајќи со шишиња за шампон и проширувајќи го на се повеќе производи, креираaт програма за амбалажа која ја става одржливоста во преден план.