Компанијата OpenAI нуди неколку различни планови за користење на ChatGPT, како платени така и бесплатни, наменети за корисници од индивидуалци до непрофитни организации, мали и средни претпријатија и образовни институции.
ChatGPT Free – Ако претходно се сметаше дека бесплатната верзија на ChatGPT е прилично ограничена, сега веќе не е така поради новите способности и модели на генеративната вештачка интелигенција. Бесплатните корисници на ChatGPT имаат пристап до моделот GPT-4o, одговори на нивните прашања и барања со содржина од интернет, GPT продавницата, можност за прикачување на фајлови и слики и поставување прашања за нив. Корисниците исто така можат да зачувуваат преференции на разговорите како „memories“ и да користат напредна анализа на податоци, објави порталот TechCrunch.
Меѓутоа, постојат недостатоци, вклучувајќи дневни ограничувања на капацитетот на моделот GPT-4o, зависно од побарувачката. Кога корисникот ќе ги достигне лимитите, автоматски се префрла на помалку способниот модел GPT-3.5. На бесплатните корисници на ChatGPT исто така не им се достапни одредени функции на анализа на податоци.
ChatGPT Plus – За индивидуални корисници кои сакаат помоќен ChatGPT, тука е ChatGPT Plus, кој чини 20 долари месечно. ChatGPT Plus нуди 5 пати поголем капацитет од бесплатната верзија, како и ран и приоритетен пристап до понови алатки како што е macOS клиент за ChatGPT. Дополнително, претплатниците на ChatGPT Plus добиваат напредна функција за анализа на податоци, поддржана од GPT-4o, која може да креира интерактивни графикони и таблици од сетови на податоци. Корисниците можат да прикачуваат фајлови за анализа директно од Google Drive и Microsoft OneDrive или од нивните уреди.
ChatGPT Team Ако поседувате мал бизнис или управувате организација и сакате повеќе од една ChatGPT лиценца, плус колаборативни функции, ChatGPT Team може да биде вистинскиот избор: чини 30 долари по корисник месечно или 25 долари по корисник месечно за годишна претплата за до 149 корисници. ChatGPT Team обезбедува работен простор и алатки за администрација на тимови. Сите корисници во планот ChatGPT Team добиваат пристап до најновите модели на OpenAI и алатки кои овозможуваат ChatGPT да анализира, уредува и извлекува информации од фајлови. Дополнително, ChatGPT Team овозможува на луѓето во тимот да создаваат и споделуваат прилагодени апликации базирани на OpenAI модели, кои можат да бидат приспособени за специфични случаи на употреба, или подесени на податоците на тимот.
ChatGPT Enterprise за големи организации – Секоја организација која бара повеќе од 149 ChatGPT лиценци – можат да се одлучи за ChatGPT Enterprise, план на OpenAI фокусиран на корпорации. OpenAI не ја објавува цената за ChatGPT Enterprise, но пријавената цена е околу 60 долари по корисник месечно со минимум од 150 корисници и 12-месечен договор. ChatGPT Enterprise додава “enterprise-grade” приватност и аналитички способности на основниот ChatGPT, како и подобрени перформанси и опции за приспособување. Постои посебен работен простор и административна конзола со алатки за управување со користењето на ChatGPT во рамките на организацијата, вклучувајќи интеграции за единствено пријавување, верификација на домен и контролна табла која прикажува статистики за користење и ангажман.
ChatGPT Edu – Поновата понуда на OpenAI, обезбедува верзија на ChatGPT наменета за универзитети и нивните студенти – како и за факултетите, истражувачите и нивните тимови. Цената уште не е објавена ниту пријавена. ChatGPT Edu е споредлив со ChatGPT Enterprise, освен што поддржува SCIM, отворен протокол кој го поедноставува управувањето со идентитетите во облакот. Како и кај ChatGPT Enterprise, корисниците на ChatGPT Edu добиваат алатки за анализа на податоци, административни контроли, единствено пријавување, подобрена сигурност и можност за креирање и споделување на прилагодени chatbot-ови. ChatGPT Edu исто така доаѓа со најновите модели на OpenAI и, што е важно, со помали ограничувања на пораките.
OpenAI за непрофитни организации – Ова е рана иницијатива на OpenAI за технолошки решенија наменети за непрофитни организации. Ова не е самостоен план за ChatGPT туку низа попусти за квалификувани организации. Непрофитните организации можат да добијат ChatGPT Team по намалена цена од 20 долари месечно по корисник. Поголемите непрофитни организации можат да добијат 50% попуст на ChatGPT Enterprise, што изнесува околу 30 долари по корисник. Условите за добивање на овие бенефиции се прилично строги. Иако непрофитни организации од било кој дел на светот можат да аплицираат за попустите, OpenAI моментално не прифаќа пријави од академски, медицински, верски или владини институции.