Колку ја чинеа лажните попусти познатата модна платформа PrettyLittleThing?

Француската агенција за заштита на потрошувачи ѝ изрече парична казна од 1,3 милиони евра на модната платформа PrettyLittleThing, поради заводливи, но лажни попусти на нивната веб-страница. Истрагата покажа дека купувачите биле изложени на лажно прикажани намалувања во периодот од ноември 2022 до мај 2023 година.

PrettyLittleThing-4483-fi

Извор: Freepik

Француските регулатори утврдиле дека на сајтот биле прикажувани попусти кои никогаш не важеле или биле вештачки зголемени цени пред попустот, со цел да се создаде впечаток дека купувачот заштедува повеќе отколку што е реално.

Компанијата призна – вината била кај претходниот менаџмент

Од компанијата PrettyLittleThing ја признале вината, додавајќи дека неправилностите потекнуваат од претходното раководство. Со регулаторите е постигнат договор, а одредени практики се коригирани за да се спречат идни манипулации врз потрошувачите.

Казната доаѓа во незгоден момент – компанијата минува низ финансиски тешкотии. Според последниот извештај, PrettyLittleThing во претходната фискална година забележала загуба од над 80 милиони фунти и пад на приходите за речиси една четвртина во споредба со претходниот период, објави Global Banking and Finance.

PrettyLittleThing не е единствениот

Ова не е изолиран случај. Слични казни се изречени и на други големи онлајн трговци – Shein, на пример, оваа година доби казна од 40 милиони евра поради идентични манипулативни попусти.

Црвени етикети, црвени аларми

Останува прашањето: Колку други компании ги користат овие маркетиншки трикови, обидувајќи се да ја искористат психологијата на „попустот“ за да ги привлечат купувачите? И, уште поважно – колку сме спремни да веруваме во секоја црвена етикета што ни излегува на екран?

Извор – bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.