Вработените не ги напуштаат компаниите, туку лошите шефови

Како да препознаете добар работодавач?

vraboteni-2288-fi

Извор: Freepik

Луѓето сакаат да работат за добар шеф исто толку колку што сакаат да заработат добра плата. Тоа се два најважни фактори во работата, кои им се поважни дури и од солидни бенефиции, можности за раст и пријатели во работната средина, покажува  неодамнешната анкета на Owl Labs.

„Стара изрека е дека луѓето не ги напуштаат компаниите, туку шефовите“, изјави Френк Вајсхаупт, извршен директор на Owl Labs.

Затоа е важно да најдете добар менаџер кој ве поддржува или „шеф со зелено знаменце“ кога одите на разговор за нова работа.

Некои од најголемите зелени знаменца на кои треба да обрнете внимание кај новиот шеф се знаци дека тие ја водат фирмата со емпатија, флексибилност, транспарентност и одговорност, вели Дипали Вијас, глобален шеф за финтек, плаќања и крипто практики во компанијата Korn Ferry.

vraboteni-2288-ps1

Извор: Pexels

Како вработените го опишуваат својот шеф?

„Менаџери кои владеат со својата емоционална интелигенција и не се толку крути се добри шефови“, вели Вијас, со своето 25 годишно искуство во вработувањето.

Што се однесува до откривањето на емоционалната интелигенција на менаџерот за вработување за време на процесот на интервју, таа препорачува кандидатите за работа да прашаат: „Како вашиот тековен тим би Ве опишал Вас и Вашиот стил на раководење?“

Обрнете внимание дали менаџерот ја цени флексибилноста и довербата, вели Вијас. На пример, пожелно е да слушнете од менаџерот: „Им давам доволно простор да ги следат своите идеи и им помагам кога им е потребно.“

Овој вид лидерство може да ги оспособи вработените да иновираат и да растат во својата кариера.

„Јас водам многу големи, глобални тимови. Единствената голема работа што му ја кажувам на мојот тим е: ‘Нема грешка што можете да ја направите, а јас да не можам да ја исправам.’ Тоа значи дека ве охрабрувам да правите грешки и да учите од искуството“, додаде таа.

vraboteni-2288-ps2

Извор: Pexels

Црвени знаменца

Сепак, ако менаџерот одговори дека луѓето го следат него или дека го прават тоа што тој го кажува, „тоа се црвени знаменца“.

Лидерството со микроменаџмент може да биде сигнал дека компанијата има ниска транспарентност и одговорност во целата организација, додава Вијас, бидејќи тимовите не се поттикнуваат да испробуваат нови работи кои можеби нема да успеат.

Покрај тоа, во некои големи организации, истакнува таа, вообичаено е дека „сите сакаат да се кријат едни зад други, така што ниедна личност не е одговорна“ за грешката.

Лидер кој поттикнува транспарентност и одговорност ќе признае: „Згрешивме како тим. Како можеме да го исправиме тоа?“

На крајот, кога разговарате со вашиот потенцијален нов шеф, барајте „емпатија, флексибилност, приспособливост и некој кој ви дава моќ да растете“.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.