Подгответе се за интервју со работодавецот и искористете ја можноста!
По неколку дена поминати во очекување, пропратено со голема доза на нестрпливост, и мала на нервоза, конечно „писмо“ во вашиот инбокс. Испратената биографија и мотивациското писмо очигледно ја завршија својата работа и ви обезбедија интервју за работа во компанија во која навистина сакате да се вработите. Чувство на задоволство и радост ве обзема, за да после пар минути настапи загриженост, бидејќи претстојното интервју за работа ќе биде прво во вашата кариера и сосема е нормално да почувствувате умерена трема или загриженост. И секако неколку прашања започнуваат да одѕвонуваат во вашата глава на кои не им знаете одговорот. Какви прашања ќе ми бидат поставени на интервјуто од луѓето задолжени за спроведување на процесот на селекција? Дали и јас да ги прашам нешто? Дали постои специфичен „кодекс на облекување“ до кој треба да се придржувате? Што ако ме фати трема каква што често пати ме фаќаше кога одговарав на прашања на испит?
Токму затоа, да не ве фати трема и загриженоста да ја светете на минимум, потребно е да се подготвите за вашето прво интервју за работа:
Истражете ја компанијата и (ако е можно) лицето што ве интервјуира
Секогаш имајте на ум дека што повеќе информации знаете за вашиот потенцијален работодавец, толку повеќе ќе се чувствувате сигурни и спремни за интервју. Самодовербата нека биде ваш партнер низ целиот процес на добивање работа.
Посетете ја веб-страницата на компанијата и задолжително прочитајте ги следните информации:
- Мисијата и вредностите на компанијата
- Главните производи или услуги што ги продаваат
- Кои се луѓето со клучни/главни улоги во компанијата
Со самото тоа што ќе се информирате за овие теми, ќе им покажете на луѓето кои ве интервјуираат дека сте дошле подготвени бидејќи навистина сакате да ја искористите оваа можност за вработување.
Исто така дознајте повеќе историјата на компанијата, нејзината култура на работење и најновите вести. Ова се одлични воведни теми за разговор пред интервјуто официјално да започне.
Вежбајте ги одговорите на очекуваните прашања
Без оглед на тоа дали се подготвувате за вашето прво, десетто или стото интервју за работа, ова се најчестите прашања кои можете да ги очекувате:
- Кажете ни нешто за себе.
- Кои се Вашите силни страни, а што Ви се слабости?
- Зошто да Ве вработиме?
Запишете ги вашите професионални и релевантни искуства или квалитети и усогласете ги со главните вештини и квалификации наведени во описот на работното место.
Вежбајте дома пред огледало. Раскажете ја својата приказна како кандидат кој себеси се претставува соодветно, професионално и согласно барањата на компанијата во која аплицирате, споделувајќи ги само релевантните и важните информации. Овој начин на подготовка ќе ви овозможи да станете посигурни во своите способности, а самото интервју би можело да има форма на опуштен разговор, наместо еднострано испрашување.
Извор: Freepik / Harbucks
Подгответе неколку свои прашања
Појавувањето на интервју за работа со претходно внимателно подготвени прашања кои и вие би ги поставиле, јасно покажува дека сте вложиле време во подготовката за интервјуто.
Можете да покажете интерес за личноста која ве интервјуира прашувајќи за нејзиниот/неговиот професионален пат, да побарате мислење за тоа како мисли дека индустријата во која работи компанијата ќе се развива во наредните години или само коментирајте ги најновите вести за компанијата.
Еве уште неколку примери на прашања кои можете да ги поставите:
- Што Ве држеше толку долго во компанијата?
- Кои се вообичаените предизвици со кои се соочуваат луѓето кога почнуваат да работат во оваа компанија?
- Што го разликува просечниот вработен од исклучителен и успешен вработен?
Извор: Freepik / Anna Tolipova
Внимавајте на дрес-код
Водете со според мотото dress to impress и без разлика дали станува збор за интервју во живо или видео повик, изборот на вистинската облека е од суштинско значење.
Иако различни индустрии имаат различни кодекси за облекување, а секоја компанија има своја култура, сепак вие претставите се на професионален начин на вашето интервју за работа.
Деловна професионална облека за мажи обично вклучува тегет или сив костум со соодветна вратоврска. Спојте го со едноставна кошула со копчиња и темен ремен што одговара на вашите чевли. Понекогаш е доволна само кошула, без сако.
Деловната професионална облека за жени може да вклучува кошула или блуза со копчиња со сако, сукња или панталони и рамни или ниски потпетици со затворени прсти.
Сè на сè, најважно е да изберете убава и соодветна облека. За интервју за работа не се препорачува облека со големи логоа на брендот, со „вриштечки“ бои и дезени или со вулгарен призвук. Начинот на кој се облекувате на интервју го одразува вашиот професионализам, затоа имајте го тоа на ум при изборот на вашата облека!
Извор: jobs.com.mk