Стресот и анксиозноста ги чинат и вработените и работодавците

Речиси секој работник во регионов признава дека се соочува со проблеми кои се однесуваат на благосостојбата. Повеќе од половина од нив признаваат дека овие проблеми влијаеле на нивната продуктивност на работа.

stress-2263-fi

Извор: Freepik

Ова се загрижувачки податоци од неодамнешното истражување „Што ги мотивира вработените“, кое во текот на јуни и јули го спроведе веб-страницата Osiguranik.com во соработка со Resilient Team Center и Infostud, поттикнати од фактот дека менталното здравје се наметнува како важен фактор кој влијае на продуктивноста на вработените, па дури и на деловните резултати на компаниите.

Колку се компаниите свесни за проблемот?


Оваа анализа, исто така, покажува дека сè повеќе компании сфаќаат дека задоволниот, безгрижен и мотивиран работник е подеднаков важен колку и физички здравиот работник, иако сè уште има многу менаџери и директори кои главно не се свесни за проблемот и за последиците што ги предизвикува врз учинокот на вработените и работењето на компанијата.

Не само кај нас, туку и на глобално ниво по пандемијата се бележи пораст на проблемите поврзани со менталното здравје. Резултатите од истражувањето покажуваат дека стресот е на прво место меѓу првите пет проблеми поврзани со благосостојбата за дури 72 проценти од вработените, додека секој втор се соочува со недостаток на енергија, пад на расположението, зголемена загриженост и недостаток на мотивација.

Дури 79 проценти од вработените не се задоволни со балансот меѓу деловните и приватните обврски, 73 проценти од вработените изјавуваат дека компанијата не го поддржува доволно нивното ментално здравје и благосостојба, а 72 проценти од вработените немаат никаков вид на програма за благосостојба во својата компанија.

stress-2263-ps1

Извор: Freepik

Специјалистот за учење и развој во групата Inspira, Бојана Филиповиќ Бабиќ, вели дека анализата открила дека 91 процент од вработените се подготвени да се пријават за психолошко советување, но дека само 7 проценти имаат обезбедена таква програма како бенефит.

„Забележуваме позитивен тренд кој значително се забрза за време на пандемијата. Вработените почнаа да зборуваат за оваа потреба, а младите колеги се поотворени да побараат помош кога им е потребна. Но, и работодавците сè повеќе го сфаќаат значењето на благосостојбата на секој вработен и позитивното влијание врз резултатите на компанијата. Сепак, има уште многу простор за подобрување,“ вели Бојана Филиповиќ Бабиќ.

Специјалистот за медицина на труд и професор на Медицинскиот факултет во Белград, д-р Петар Булат, смета дека на проблемот со менталното здравје не му се посветува доволно внимание и укажува дека некои корпорации почнуваат да се грижат за ова, но вработените во големите системи како здравството и образованието трпат голем притисок и се соочуваат со тешки предизвици.

„Работодавците кои се грижат за ова, се обидуваат да создадат работна средина во која ќе има што помалку стрес и ги преземаат сите мерки за да го намалат. Има работодавци кои се грижат за ова, но тие се реткост. Образованието и медицината се многу стресни, а во голем ризик се и сите службеници кои работат во контакт со клиенти, како шалтерските работници. Ова е една од работите каде што стресот е секојдневен бидејќи луѓето се притиснати од финансиски обврски или семејни проблеми, а потоа доаѓаат на шалтерите на различни институции и се однесуваат непријатно кон работниците. Порано постоеше култура на комуникација, но денес таа е значително нарушена,“ напоменува професор Булат.

stress-2263-ps2

Извор: Freepik

Професорот вели дека во нашиот систем не е доволно добро решено прашањето на вработените кои се лекуваат од психијатриски заболувања.

„Кога некој ќе развие тежок облик на депресија, тој не може повеќе да работи на пример во училиште, но не може ниту да оди во инвалидска пензија, бидејќи тоа можат само најтешките психијатриски случаи. Потоа, имате луѓе кои се сериозно болни, а можат да завршат како социјални случаи, бидејќи со текот на времето работодавците покажуваат сè помала толеранција,“ истакнува д-р Булат.

Професорот вели дека постојат неколку превентивни мерки кои можат да спречат појава на „прегореност на работа“ (burnout), но кога веќе таа ќе се развие, тогаш малку може да се направи.

Постојат два пристапи, организациски и индивидуални мерки. Организациските мерки не им се омилени на работодавците, бидејќи тоа фрла некаква вина на нив. Другиот пристап се индивидуалните мерки, но тие не даваат вистински резултати, бидејќи вие учите некого како да се бори со стресот, наместо, што е многу подобро, да работите на тоа стресот да се отстрани“, смета професор Булат.

Што ги „стресира“ вработените


Бојана Филиповиќ Бабиќ истакнува дека од искуството на групата Inspira, во која вработените веќе седум години имаат на располагање програма за психолошка поддршка, овој вид помош активно се користи за надминување на проблеми во професионалниот, личниот и семејниот живот. Најчестите проблеми поради кои вработените бараат помош се: стрес на работа, меѓучовечки односи, личен развој, семејни проблеми, животни кризи и предизвици како што се загуби и здравствени проблеми, родителство, анксиозност и депресија.

„Половина од колегите во овој период имале барем една средба со психолошки советник. Верувам дека програмата за психолошка поддршка во форма на индивидуална работа со надворешни психолошки советници, заедно со можноста за користење на доброволно здравствено осигурување, е една од најважните придобивки за нашите вработени,“ напоменува Бојана Филиповиќ Бабиќ, специјалист за учење и развој во групата Inspira.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.