Што да кажете за да го импресионирате идниот работодавец

Интервјуто за работа може да изгледа како игра со високи влогови каде што секој збор е важен, а еден погрешен одговор може да значи разлика помеѓу добивање понуда или одбивање.

shto da kazhete za da go impresionirate idniot rabotodavec

Извор: Freepik / nsit0108

За да бидете успешни на интервју за работа треба да научите како ефективно да комуницирате, изјави експертот за кариера на LinkedIn, Ендрју Мекаскил.

„Интервјуата се уметност на перформансот, а за да поминете добро, треба да вежбате. Најдобро поминуваат на интервју оние кои вежбале со ментор, пријател, па дури и со постар колега, бидејќи тоа помага да се чувствувате посамоуверено и удобно кога зборувате за себе“, додаде тој за CNBC Make It.

Сите работни позиции можеби бараат различни вештини, но има неколку стратегии кои добро ќе функционираат без разлика за која позиција се пријавувате.

Најпаметната „завршна изјава“ на интервју за работа

Еве ја најпаметната изјава што можете да ја дадете на крајот од секое интервју за работа.

„Сакам да нагласам колку ја сакам оваа работа. Мислам дека моите вештини и искуство се совршени за позицијата и би можел/а да имам силно, позитивно влијание врз тимот. Еве зошто…“, изјави Мекаскил.

Можеби изгледа напредно, но тој тврди дека затворањето на интервјуто на овој начин потенцира два важни квалитети што ги бараат менаџерите за вработување:

Ентузијазам: Ако делувате неутрално или апатично во врска со работната позиција, голема е веројатноста дека нема да оставите траен впечаток кај менаџерот за вработување. За да покажете дека најдобро одговарате за позицијата, треба однапред да истакнете дека сте возбудени поради дадената можност.

Самодоверба: Вие, исто така, сакате јасно да ги артикулирате вашите силни страни и вредноста што би ја донеле во тимот. Мекаскил препорачува вашето објаснување да биде кратко и да се фокусирате на две или три вештини наведени во описот на работата што ги поседувате, а кои би ги искористиле за да ги унапредите или поддржите целите на компанијата.

„Сфатете го тоа како ваш завршен говор. Не треба да го оставите оној што ве интервјуира да погодува за вашиот интерес за работата или дали го имате она што е потребно за да успеете“, заклучил Мекаскил.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.