Од интервју без хепи – енд до шанса да најдете уште подобро работно место

Ако не можете да го најдете идеалното работно место, сетете се дека и малите победи се важни, како на пример, присуство на networking-настани или запишување на нов курс. Секој чекор е значаен.

kariera-3390-fi

Извор: Unsplash

Дури и кога работодавачот ќе ви каже „не“, тоа не мора да значи крај. Сè уште постои можност да продолжите со потрагата, можеби дури и во истата компанија. Токму тоа го порачува Џолен Андерсон, директорка за човечки ресурси и заедница во компанијата BetterUp, во изјава за CNBC Make It за време на конференцијата Uplift.

Одбивањето е нова можност за проширување на мрежата

Не е лесно да се слушне „не сте одбрани“, особено ако сте вложиле недели или месеци во селекцискиот процес. Но, обидете се да го гледате тоа како нова можност за ширење на вашата професионална мрежа, вели Андерсон.

Сте се запознале со регрутери, сте разговарале со членови на тимот, сте поминале време заедно и луѓето од таа компанија сега знаат кој сте и што умеете. Создадена е лична врска во рамки на вашата индустрија.

Затоа, ако сте воспоставиле посебна поврзаност со некого, испратете кратка порака со благодарност. На пример:

„Ви благодарам за времето и разговорот. Ми е жал што моите вештини не се совпаѓаа со оваа улога. Дали можеби постои друга можност во вашата компанија што подобро би ми одговарала или некој од вашата мрежа со кого би можеле да ме поврзете?“

Оваа порака може да ја испратите преку е-пошта, ако го имате контактот, или преку LinkedIn. Може да ѝ се обратите и на регрутерката/регрутерот и да ја замолите да ја проследи понатаму. Најлошото што може да се случи? Да не добиете одговор. Но, не губите ништо. Покажете иницијатива и бидете проактивни.

Затоа, следниот пат кога ќе бидете одбиени за работа, искористете го тоа како шанса за ново познанство, нова мрежа а можеби и нова кариера.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.