Светот скрола, а тие диктираат што ќе гледаме. Ова е професијата на иднината!

Некаде порано денот започнуваше со прелистување весници, денес тоа е скролање низ „дигиталната бескрајност“. Иако често изгледа дека целата таа содржина се појавува од никаде, зад секоја објава стои човек што внимателно ја креирал.

profesija-4056-fi

Извор: bizlife

Оваа професија сè повеќе се бара и станува значајна, не само за брендовите, туку и за секој што сака да остави свој белег во дигиталниот свет. Соговорници на порталот Infostud, Бранислав Цвениќ и Никола Јагодиќ, откриваат како изгледа секојдневието зад виралните објави и кои се најголемите предизвици во ова релативно ново занимање.

Бранислав до креирање содржини дошол преку студентска организација и менаџментот што го завршил на ФОН.

„На почетокот се занимавав со маркетинг во поширока смисла, но веднаш ме привлече креативниот дел што вклучуваше осмислување објави, иако сè уште го нарекував маркетинг. Почнав да учам видео монтажа, не со цел да се занимавам професионално, туку од љубопитност. Дизајн учев за да ги разберам подобро дизајнерите. Потоа го започнав мојот проект Sportski zid и почнав да креирам содржина што е магнет за купување производи. Тука ја пронајдов радоста и тоа што ме движи. Потоа само продолжив да се усовршувам во таа насока“, вели Бранислав.

Кариера без рутина

За разлика од класичните канцелариски професии, тој објаснува дека работниот ден на еден контент креатор не постои во стандардна форма.

„Еден ден може да започне со снимање на терен, друг со монтажа, трет со пишување сценарија и осмислување содржини. Секој ден е различен. Тоа е она што ми се допаѓа и, според мене, една од најголемите предности на оваа работа. Не сакам монотонија. Ме исполнува тоа што постојано правам различни нешта“, објаснува Бранислав.

Тој истакнува дека времето вложено во креирање содржина не значи автоматски и подобар резултат. Нема правило. Формалното образование, вели, не е пресудно, но може да помогне за поширока перспектива. Она што е навистина важно е волјата за постојано учење.

„Технички, не е потребно да имате формално образование. Мене ми е драго што го имам, бидејќи благодарение на студиите по менаџмент и маркетинг мислам дека подобро ја разбирам публиката и деловните цели. Но, интернетот нуди можност сето тоа да го научите ако навистина сакате сериозно да се посветите. Постојано усовршување е задолжително. Денес секој може да биде контент креатор и тоа е одлично. Но, токму тука настанува митот дека оваа работа е лесна. А не е. Потребни се знаења од маркетинг, менаџмент, психологија, дизајн, монтажа, разбирање на динамиката на секоја мрежа, алгоритмите, разбирање на тоа што сака брендот да постигне, кои пораки ги испраќа и до која целна група се обраќа“, објаснува Бранислав.

Никола Јагодиќ е уште еден млад претставник на новата генерација дигитални креатори, познат на социјалните мрежи како nick_strawberry. Досега има создадено содржини за клиенти како In Centar, Forma Ideale, Infostud, Generali осигурување, а неговата работа досега му донела две награди за најдобри TikTok страници во 2023 и 2024 година.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.