Кога успехот не носи мир: Невидливата борба на успешните луѓе

Не е секоја депресија иста. Понекогаш и најуспешните, најпродуктивни личности, оние кои секогаш ги постигнуваат своите цели страдаат од депресија. Оваа состојба често се нарекува „високофункционална депресија“, иако тоа не е официјалната дијагноза.

depresija-3512-fi

Извор: Freepik

Луѓето кои се соочуваат со овој облик на депресија се чини дека имаат сè под контрола, но внатрешно се чувствуваат исцрпено, празно и вознемирано. Тие продолжуваат да работат, да постигнуваат резултати, но одвнатре ги прогонува чувството дека нешто е сериозно погрешно, пренесува CNBC Make It.

Препознатливи симптоми можат да бидат:

-губење интерес за работи што некогаш носеле радост,

-хроничен замор,

-чувство на безнадежност,

-намален апетит и раздразливост.

Д-р Џудит Џозеф, психијатар и автор на книгата High Functioning, го развила системот „Pet V“ како начин за справување со ваквата состојба на дневна основа, без дополнителен притисок и стрес.

Пет чекори за секојдневна борба со високофункционална депресија

1. Валидација – Признајте како се чувствувате

Првиот чекор е да си признаете себеси како се чувствувате. Високофункционалните луѓе често ги потиснуваат емоциите затоа што „мора да се продолжи понатаму“. Но, препознавањето на емоциите како тага, вознемиреност, лутина е првиот чекор кон закрепнување.

2. Издувен вентил – Извадете го тоа од себе

Разговорот со некој што сака и може да помогне, водењето дневник, молитвата, па дури и плачењето се здрави начини да се ослободиш од емоционалниот товар. Ако разговараш со пријател, прашај го најпрво дали има сила или време да те сослуша.

3. Вредности – Потсетете се што навистина ви значи

Во трката по успехот, често забораваме што навистина нè исполнува. Дали тоа се блиските односи, уметноста, природата, помагањето на другите? Фокусирајте се секој ден кон она што ви дава смисла, а не само на надворешни цели.

4. Виталност – Грижете се за телото

Телото и умот се поврзани. Исхраната, движењето и сонот директно влијаат на расположението. Но и квалитетот на меѓучовечките односи, балансот меѓу работа и приватен живот, како и начинот на користење технологија се дел од вашата „виталност“.

5. Визија – Испланирајте ја радоста

Не заборавајте да планирате убави моменти. Тоа може да биде прошетка, кафе со пријател или 10 минути тишина по обврските. И најмалиот момент на радост може да има голем ефект.

Доколку се препознаваш во овие симптоми, обрати се кај психолог или психијатар. Со стручна помош и мали, но постојани чекори, можно е повторно да се пронајде внатрешен мир.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.