Колку е важна самодовербата за професионалниот успех?

Сомнежот во себе е сосема природно чувство. Сите знаеме како е кога се бориме со несигурноста, а во повеќето случаи најсуровите проценки за нас потекнуваат од нашите внатрешни монолози во кои најчесто се критикуваме при самопроценувањето.

kolku e vazhna samodoverbata za profesionalniot uspeh

Извор: Freepik/diana.grytsku

Критиката кон себеси сепак треба да биде во реални размери и да нé мотивира да го надокнадиме критикуваното, а не да прерасне во постојано себе-понижување. Како и многу други работи во животот, клучно е да се најде вистинската рамнотежа помеѓу објективното самооценување и внесување позитивен пристап кон дадените ситуации.

Но, во секојдневниот живот неретко тоа оди тешко, за што сведочат бројни понови анкети, според кои современите професионалци никогаш не биле посклони да се сомневаат во сопствените вештини и способности. Една анкета ни кажува дека просечниот возрасен човек се чувствува несигурен за себе пет пати на ден, додека пак друго истражување покажа дека на луѓето денес им се потребни приближно 16 засилувачи на самодовербата (на пример, комплимент од странец) месечно за да се чувствуваат најдобро.

Проблемот лежи токму тука: Никој нема да верува во вас ако вие не верувате во себе. Тешко е да се скрие ниското мислење за себе, а малкумина работодавци се заинтересирани да вработат (или промовираат) некој што не се гледа себеси како способен за успех. Демонстрирање на самодоверба може да ве стави на брз пат кон успех во вашата кариера што отсекогаш сте ја посакувале, но негативниот став може брзо да ве исфрли од курсот.

Една сеопфатна студија која се фокусира на стресот на работното место дури ни кажува дека кога менаџерите и шефовите имаат ниска самодоверба, тоа може да промовира токсична работна средина. Луѓето на кои им е удобно во сопствената кожа и кои се уверени во сопствените способности се многу поефикасни лидери. Во меѓувреме, уште едно релевантно истражување објавено во реномираниот Журнал за применета психологија (Journal of Applied Psychology) сугерира дека е корисно сопствената самодоверба да се пронајде што е можно порано во животот. Авторите на студијата истакнуваат дека луѓето кои покажуваат високи нивоа на самодоверба како тинејџери и млади луѓе, имаат тенденција во иднина да добиваат подобри работни места со повисоки плати од другите апликанти.

Како да ја зајакнете самодовербата?

Негувањето на лична самодоверба за некои е полесно, за други – потешко. Истражувајќи го феноментот на самодоверба, научниците истакнуваат дека сепак постојат начини и механизми кои можат да ви помогнат да ја зајакнете вашата самодоверба:

kolku e vazhna samodoverbata za profesionalniot uspeh

Извор: Freepik/senivpetro

Мотивациска музика

Понекогаш, најголемата придобивка од чувството на самоувереност и увереност во сопствените способности е решителноста да се преземе дополнителен ризик. На крајот на краиштата, кој не ризикува, тој не ни добива. Имајќи го ова на ум, вреди да се спомене значајното истражување објавено во Frontiers in Psychology во кое научниците открија дека слушањето мотивациска музика им помага на спортистите да најдат самодоверба да преземаат повеќе ризици за време на мечевите или натпреварите. Да бидеме појасни, музиката нема магично да ве направи подобри во вашата работа, но може да ви помогне да се ослободите од дополнителниот притисок и да искористите шанса за нов работен предизвик, или да вложите екстра труд за да стигнат до посакуваната цел.

Повеќе интереси, членства и волонтирање ја зајакнуваат самодовербата

Се сеќавате во основното и средно образование кога воншколски активности беа посакувани да стојат во вашето досие за поуспешен прием во наредната образовна институција? Натпревари по разни наставни предмети на локално или државно ниво, учества во школски секции, групи, само повеќе и полесно го трасираа патот кон зрелоста, а тоа е одличен начин за зајакнување на личната самодоверба.

Сакате да им помагате на другите? Придружете се на групата волонтери кои собираат донации за децата без родители на пример, или за некоја друга маргинална група на граѓани на кои им треба помош. Дури, и не мора нужно да бидат благородни по природа. Можеби обожуваш шах –  придружете се на група шаховски ентузијасти кои се среќаваат неколку пати месечно. Клучниот фактор овде е дека учеството во групите помага да се воспостави лично чувство за себеси и за својот идентитет. Научниците објаснуваат дека членството во такви колективи ни помага да изградиме и да негуваме чувство на значење и контрола над нашите животи, како и дополнителните придобивки од групната поддршка и социјалните можности.

Моќта на држењето на телото

Говорот на телото зборува многу, па едноставното стоење исправено изразувајќи сигурен став може да ви помогне да најдете поголема самодоверба. Наодите објавени во Psychological Bulletin кои опфаќаат над 120 истражувачки проекти и 10.000 луѓе ни кажуваат дека практикување на „моќна поза“ слична на суперхерој кој стои гордо откако ќе го спаси светот, навистина може да помогне да се подобри перцепцијата за самопочит и да се обезбеди значајно зајакнување на самодовербата.

kolku e vazhna samodoverbata za profesionalniot uspeh

Извор: Freepik/jcomp

Лични афирмации

Лесно е да се биде самоуверен кога сте на позиција на моќ. Меѓутоа, работниците од пониско ниво многу почесто се среќаваат со чувството на сомнеж во себеси. Поновите истражувања потврдуваат дека вработените кои не се на ниво на менаџмент, а се борат со проблеми со самодовербата особено за време на задачи со висок притисок, потенцијално можат да ги подобрат своите работни перформанси преку лични афирмации или само-потврди. На пример, пред некоја голема задача или клучно интервју, одвојте еден момент и запишете неколку од вашите најбарани способности и успешни вештини.

Извор: jobs.com.mk

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.