Вработените и посакуваниот модел на работа
Истражувањата покажуваат дека околу 70% проценти од вработените во ИТ индустријата во Македонија укажуваат дека преферираат хибриден режим на работа, односно комбинација на работа од дома и од канцеларија.
Најновите технологии како предуслов за промени
Сепак, важно е да се потсетиме дека промените во начинот на деловното работење не би биле можни без технологијата која сето тоа го поддржува. Хибридната работа, денес толку популарна меѓу вработените, всушност е создадена благодарение на бројни технолошки иновации.
Cloud computing овозможи пристап до документи и алатки од било каде во светот, додека платформи како Zoom и Microsoft Teams станаа нов стандард за состаноци. Дигитални алатки за соработка, како Slack и Asana, станаа виртуелни канцелариски простори каде се планираат и следат проекти.
Сепак, со паралелниот развој на новите технологии како што се уреди од Интернет на нештата (IoT), паметни системи за управување со енергија и напредна вештачка интелигенција, традиционалните канцеларии станаа многу повеќе од обичен работен простор. Тие се трансформираа во поефикасна, поодржлива и пофлексибилна работна средина, правејќи го smart work следниот логичен чекор во еволуцијата на работењето кој поддржува хибридна работа и флексибилност.
Паметни канцеларии како одговор на новите потреби за работа
Smart office е повеќе од обичен работен простор — тоа е место каде технологијата и продуктивноста одат рака под рака. Замислете канцеларија која ги учи вашите навики, го прилагодува светлото и температурата според вашите потреби, заштедува енергија кога не сте таму и автоматски закажува состаноци во слободни простории. Тие го оптимизираат секој аспект од работниот ден и заштедуваат време. Затоа, не е чудно што овој пазар е во полн замав — кој не би сакал работно опкружување кое се прилагодува на вас, а не обратно?
Регионот на патот кон усвојување на светските трендови
Иако Македонија можеби не е меѓу првите кои ги усвоија овие промени, нашиот пазар брзо се приспособи, а работодавачите ги увидоа предностите на хибридниот начин на работа со оптимизација на трошоците. Сепак, во регионот веќе се работи и на првите смарт канцеларии, за што сведочи веста дека INEX, меѓународна групација за недвижнини која развива и гради луксузни станбени и комерцијални објекти, оваа есен го носи во Белград иновативниот пристап во вид на Beon active office, концепт кој веќе успешно се применува во други земји.
Beon active office, сместен во срцето на Белград, е предвесник на иднината на работните простори. Тука сè е подредено на флексибилноста и функционалноста – повеќе од 20 различни типологии на седење им овозможуваат на компаниите без никакви дополнителни работи да создадат идеално опкружување за своите тимови. Современиот дизајн не е само естетски избор, туку и клучен фактор кој поттикнува продуктивност.
Меѓутоа, Beon не е само „убав за око“. Дигиталните решенија се интегрирани во секој дел од просторот, а сите услуги се достапни преку едноставна мобилна апликација, која им овозможува на корисниците пристап до аналитики и паметни функции. Истовремено, Beon е осмислен да биде одржлив – од енергетски ефикасно осветлување до паметно управување со ресурсите, секој детал е дизајниран со цел да се намали еколошкиот отпечаток.
Еволуција на работните модели: Што да се очекува?
Пред само четири години, работата во канцеларија и фиксното работно време беа норма. Денес, благодарение на забрзаниот технолошки напредок и промените во очекувањата на вработените, флексибилноста и прилагодливоста стануваат стандард. Овој тренд нема да исчезне, туку напротив – паметните канцеларии стануваат клучен фактор за компаниите кои сакаат да привлечат и задржат талентирани вработени. Македонија има потенцијал да стане лидер во регионот во усвојување на овие напредни решенија, благодарение на растечкиот ИТ сектор и сè поголемата свест за важноста на иновативните работни простори.