Џеси Маршал (35) е сопственичка на Hive HQ, компанија за односи со јавност. Нејзиниот тим од шест вработени е од Генерацијата Z.
Еден од нејзините вработени неодамна ѝ пишал порака прашувајќи ја дали може да си оди порано, не поради итен случај или посета на лекар, туку бидејќи не гледал причина да остане.
„Здраво Џеси. Завршив со работата… Може ли да си одам?“ напиша вработениот.
„Да, оди си“ одговорила Маршал.
Таа комуникација може да изгледа чудно за секој што работел во време на културата на „работохоличарството“, кога останувањето подоцна на работа се сметаше за гордост, а не за повик за помош, но Маршал вели дека тоа е нормално во нејзината компанија и не е лошо.
Извор: Freepik
35-годишната Џеси вели дека нејзините вработени од Генерацијата Z се отворени, поставуваат „цврсти граници“ и се свесни за својот ментален товар.
„Тие се многу подобри во тоа да кажат дека се чувствуваат притиснати, исцрпени или дека не се чувствуваат свои и треба да направат пауза“ изјави таа.
Маршал вели дека најмладата работна генерација е едноставно „посвесна за себе“ и не сака да „прегори“.
„Тие се добри во поставувањето граници, но и во тоа да работат во доделеното време“, вели таа.
Сопственичката на компанијата вели дека прилагодувањето на оваа нова нормалност ѝ одземало време. Кога таа била во своите дваесетти години, таа се форсирала себеси, вршејќи неколку задачи истовремено. Дури и сега, таа е самопрогласена „работохоличарка“.
Она што го научила е дека кога вработените од Генерацијата Z бараат да си одат порано затоа што ја завршиле својата работа, тоа не значи дека се мрзливи или дрски.
Тие едноставно работат попаметно, а не понапорно, што е добро за нејзиниот бизнис и културата во канцеларијата.
„Во петок им велам на девојките кога ќе завршат со работа да си одат. Секогаш кога можеме си одиме порано, особено во петок, за да си го продолжиме викендот“, вели таа.
Технички, таа губи време со своите вработени и тие работат помалку часови, но Маршал вели дека тоа не е важно, бидејќи нивната продуктивност додека се на работа е навистина голема.
„Тие се многу горди на тоа што го прават и јас им давам време да бидат поодморени. Ако пристигне итен мејл, тие ќе одговорат бидејќи знаат дека е важно, но ако може да се почека, тогаш ќе се почека до понеделник.“
Сопственичката на компанијата открила дека вработените од Генерацијата Z не се подготвени да работат дополнителни часови без причина бидејќи нивниот „резултат е попаметен од оној на „работохоличарите“.
Маршал смета дека вработените од Генерацијата З се строги во заминувањето од работа на време или барањето да си заминат порано, бидејќи работата никогаш навистина не запира.
„Не постои вистински режим за запирање на нашата работа. Работиме во социјалните медиуми и секогаш има настани надвор од работното време или понекогаш кампањата може да започне меѓу 19:00 и 21:00 часот,“ вели таа.
Извор: Freepik
Директорот на u&u Recruitment Partners, Крег Снисби, претходно кажа дека на вработените од Генерацијата Z треба да им биде приоритет да си одат порано од работа секогаш кога можат, бидејќи живееме во „дигитална ера“ каде што работата нема секогаш јасно време на почеток и крај.
„Во суштина, тоа е дел од нивната социјална ДНК. Уметноста на вистинското опуштање е веројатно предизвик на модерната ера,“ вели тој.
Снисби вели дека најдобриот начин да се избегне „прегорување“ е да се постават „граници“ за одговарање на работни мејлови.
„Обидете се да бидете присутни во моментот. Поставете граници за одговарање на мејлови и не останувајте премногу достапни надвор од работното време,“ вели тој.
Снисби, исто така, вели дека е важно да запомните дека не можете да бидете „вклучени“ цело време, и ако се обидувате да бидете, вие само ќе се уморите.
Извор: Nypost.com