Како да оставите уникатен впечаток кај работодавачот?

Во морето од пријави и кандидати, да се истакнете пред работодавачот може да биде вистински предизвик. Поранешната директорка во Google, Џени Вуд, предлага едноставен, но ефективен трик – испраќање гласовна порака до регрутерот или лицето што го води интервјуто преку LinkedIn, 24 часа пред закажаниот разговор.

intervju-3263-fi

Извор: Bizlife.rs

Меѓу бројните пораки што ги добива, гласовните секогаш ѝ го привлекуваат вниманието. „Ја слушам секоја што ќе ја добијам“, истакнува таа.

Експертите за вработување се согласуваат дека оваа метода може да биде корисна, но, само ако се применува правилно. Еве неколку совети како да ја искористите оваа тактика на најдобар начин:

Точниот момент е клучен

За да испратите гласовна порака, прво треба да испратите барање за поврзување со лицето што ќе ве интервјуира. Штом ќе ве прифати, тајмингот станува клучен фактор.

„Ако ви го прифати барањето неколку минути пред интервјуто, подобро е да не испраќате порака веднаш“, советуваат експертите. Но, ако ве прифати најмалку 24 часа претходно, тогаш можете да испратите кратка, концизна гласовна порака.

Пораката треба да трае меѓу 30 и 45 секунди, и треба да содржи краток вовед, изразување позитивна “возбуда” поради претстојниот разговор и подготовка за одредени задачи и теми, доколку тоа се бара од вас.

Важно е оваа тактика да ја користите само за позиции кои навистина ви значат. Пораката мора да звучи искрено и автентично, а не како шаблон што го праќате на секој работодавец, пишува CNBC.

Персонализиран начин за изразување благодарност

Гласовната порака може да биде и одличен начин за изразување благодарност по разговорот.

„Ова е фин начин да се заблагодарите“, велат експертите. Иако формален мејл е сè уште потребен, гласовната порака може да додаде дополнителна искреност и човечка нота. Во неа можете да истакнете дека сте уживале во разговорот, дека вашите очекувања се усогласени со потребите на компанијата и да потсетите зошто сте идеален кандидат за работното место.

Обнова на професионални контакти

Дополнителен начин да ја искористите оваа функција е обновување на контактите со поранешни професионални познаници. Кариерните експерти советничка препорачуваат топла, но не премногу формална порака, која може да трае и до две минути.

Подготовка пред испраќање

Без разлика на целта, пред да ја испратите гласовната порака, важно е добро да го осмислите она што сакате да го кажете, за да избегнете несигурност и непотребно одолжување.

Исто така, се препорачува и краток текстуален вовед кој ќе ја претстави содржината на пораката – во случај примателот да не може веднаш да ја слушне.

Мал гест – голема разлика

Во денешниот конкурентен свет на вработување, малите нешта можат да направат огромна разлика. Правилната употреба на гласовни пораки на LinkedIn може да биде токму тој чекор што ќе ве издвои од останатите и ќе остави моќен впечаток кај потенцијалниот работодавач.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.