Гејминг
Кога Pokémon GO беше лансиран во 2016 година од страна на Niantic, делуваше како совршена комбинација на носталгија и технологија: прошетај низ градот, фати некој Пикачу и патем малку размрдај се. Меѓутоа, речиси
Ричи Бренсон, поранешен девелопер на популарната игра Fortnite, ја претстави Zoo Fighter, бесплатна веб-игра инспирирана од виралната приказна за Панч, младиот мајмун макаки од јапонската зоолошка градина „Ичикава“ Играта служи и како начин за подигнување на свеста за благосостојбата на…
Nintendo – симбол на современата гејминг-индустрија, заслужна за некои од најпознатите наслови кои засекогаш се врежаа во поп-културата Основач на компанијата е претприемачот Фусажиро Јамаучи од Кјото,…
Повеќе
Microsoft претстави нова технолошка демонстрација на вештачка интелигенција преку легендарниот наслов на играта Quake II, чие ниво е генериранo со помош на ВИ модел. Иако претставува голем исчекор кон иднината на гејмингот, сепак демото доаѓа со одредени технички ограничувања, поради што компанијата го нарекува експериментален.
Кога Netflix ги објави првите планови за влез во светот на видео-игрите, многумина го сметаа тоа за експеримент. Сепак, со текот на времето станува јасно дека оваа платформа не сака да застане само на обид. Наместо тоа, Netflix ги поставува темелите за нешто многу посериозно – сервис што би можел да стане „Netflix за гејминг“, односно место каде што корисниците, со една претплата, ќе добијат пристап до богат каталог на видео-игри, исто како што денес добиваат серии и филмови.
Индустријата за видео игри се соочува со потенцијален преседан – „Grand Theft Auto 6“ би можела да стане првата AAA игра што ќе се продава по цена од дури 100 долари. Според аналитичарот Мајкл Пактер, издавачот на играта Take-Two Interactive размикслува за зголемување на стандардната цена на игрите од досегашните 70 долари на дури 100 долари за најновото продолжение на култниот серијал. Оваа вест предизвика лавина коментари меѓу гејмерите ширум светот, при што многумина изразуваат загриженост дека ваквиот тренд би можел да стане ново правило во индустријата. GTA серијалот е познат по својата масовна популарност, а со хајпот околу шестиот дел, се шпекулира дека компанијата ќе се обиде да го максимизира профитот уште пред официјалното излегување на играта.
Овој култен домашен компјутер, познат како „Speccy“, беше хит во осумдесеттите години, во жестока конкуренција со Commodore 64. Додека Atari, Nintendo и Sega ја привлекуваа вниманието на љубителите на конзолите, многумина сметаа дека токму домашниот компјутер е вистинската работа. ZX Spectrum не служеше само за играње – на него учевме програмирање и ги истражувавме можностите на едноставните игри, а неговата гумена тастатура беше дел од тоа неповторливо искуство.
Американската технолошка компанија AMD (Advanced Micro Devices) специјализирана за развој на централни процесори (CPU) и графички процесори (GPU) ги објави своите финансиски резултати за четвртиот квартал, при што приходите достигнале 7,7 милијарди долари, со профитна маргина од 51%, што претставува подобрување во однос на минатогодишните 6,2 милијарди долари и 47% профитна маргина.
Firaxis подготвува големи промени со новото издание на Civilization VII, кое се очекува следниот месец.