Гејминг

Nintendo – симбол на современата гејминг-индустрија, заслужна за некои од најпознатите наслови кои засекогаш се врежаа во поп-културата. Основач на компанијата е претприемачот Фусажиро Јамаучи од Кјото, Јапонија.
Ако некој ви каже дека видео-игрите се губење време, очигледно никогаш не предводел тим од 40 луѓе во World of Warcraft raid или не се обидел да ја премине Америка во играта Oregon Trail со ограничени ресурси Кога се играат на правилен начин, видео-игрите можат да понудат повредни лекции…
Во дигиталниот свет на генерацијата Алфа, игрите станаа секојдневие Сепак, додека игрите нудат креативност и забава, прекумерното гејмање и скриените опасности како насилна содржина и коцкање, може да создадат нови предизвици Како да ги заштитиме младите играчи без да ги ограничиме…

Повеќе

Оваа година Ријад е епицентарот на глобалната гејминг сцена, бидејќи сè е подготвено за почетокот на Esports World Cup 2025 – најголемиот турнир во историјата на електронските спортови, кој ги собира најдобрите тимови, огромни наградни фондови и спектакли какви што индустријата досега нема видено.
Еден од најочекуваните продолжетоци во светот на видео игрите конечно го доби својот прв јавен приказ. Не, не се работи за GTA VI, туку за четвртиот дел од познатата сага The Witcher.
Во првиот трејлер од крајот на 2023 година, играчите се запознаа со Џејсон и Лусија – пар што живее живот исполнет со криминал во Леонида, фиктивна американска сојузна држава каде што се одвива дејствието на играта. Новиот трејлер нуди подлабок увид во нивното минато и мотивите што ги водат.
Minecraft е една од најпопуларните видео игри на сите времиња. Првпат беше објавена во 2009 година, а до 2023 се продадени над 300 милиони копии. Оваа игра, како и слични наслови како Roblox и Terraria, привлекуваат играчи од сите возрасти – од деца до возрасни.
Microsoft претстави нова технолошка демонстрација на вештачка интелигенција преку легендарниот наслов на играта Quake II, чие ниво е генериранo со помош на ВИ модел. Иако претставува голем исчекор кон иднината на гејмингот, сепак демото доаѓа со одредени технички ограничувања, поради што компанијата го нарекува експериментален.
Кога Netflix ги објави првите планови за влез во светот на видео-игрите, многумина го сметаа тоа за експеримент. Сепак, со текот на времето станува јасно дека оваа платформа не сака да застане само на обид. Наместо тоа, Netflix ги поставува темелите за нешто многу посериозно – сервис што би можел да стане „Netflix за гејминг“, односно место каде што корисниците, со една претплата, ќе добијат пристап до богат каталог на видео-игри, исто како што денес добиваат серии и филмови.
All articles loaded
No more articles to load