Компанијата што започна со продажба на карти и такси-услуги, а потоа го создаде светот на гејмингот

Nintendo – симбол на современата гејминг-индустрија, заслужна за некои од најпознатите наслови кои засекогаш се врежаа во поп-културата. Основач на компанијата е претприемачот Фусажиро Јамаучи од Кјото, Јапонија.

kompanija-shto-4478-fi

Извор: Unsplash/Alvaro Reyes

Nintendo важи за една од најстарите компании во светот на видео игрите. Основана е во 1889 година и се разбира, во тоа време не произведувала видео игри, туку нешто сосема поинакво. Компанијата била формирана со цел производство и продажба на традиционални јапонски карти за играње, кои на крајот од 19 век биле исклучително популарни и меѓу деца и меѓу возрасни.

Во првата половина на 20 век, Nintendo продолжила со продажба на карти, а по смртта на Јамаучи, управувањето со компанијата го презел сопругот на една од неговите ќерки. Токму во тој период започнуваат и со продажба на западни (стандардни) шпилови со 52 карти, кои брзо станале хит на јапонскиот пазар.

Nintendo како такси-компанија во 60-тите

Компанијата егзистирала исклучиво од продажба на карти сè до завршувањето на Втората светска војна, кога поради новонастанатата геополитичка ситуација доживува ослабување. Во текот на следната деценија, продажбата значително опаѓа и Nintendo не успева да се врати на старите патеки. Токму тогаш, раководството одлучува да експериментира со нови бизнис правци.

Најпознатата од тие иновации е токму такси-услугата Nintendo, која функционирала од 1960-тите до 1970-тите години под името Nintendo K.K. Сепак, оваа услуга набргу се покажала како финансиски неисплатлива и била напуштена.

Соочена со неуспех и во сегментот на карти и во транспортните услуги, компанијата решила да направи радикален пресврт.

Влез во светот на гејмингот

Во 1977 година, Nintendo го лансира својот прв гејминг-производ Color TV-Game, конзола со вградени игри наменети за домашна употреба. Оваа конзола претставува прв чекор кон дигиталната ера. Децата низ целиот свет играле брзи, едноставни игри сè до појавата на Donkey Kong во 1981 година, наслов што ќе го трасира патот за глобалниот успех на компанијата.

Вистинската револуција се случува во 1983 година, кога се појавува Nintendo Entertainment System (NES) конзола што ќе го постави новиот стандард и ќе ги инспирира идните џинови на индустријата како Xbox и PlayStation.

Гејмингот како културно наследство

И денес, повеќе од еден век од нејзиното основање, Nintendo е активна и иновативна. Компанијата стои зад некои од најпрепознатливите наслови на сите времиња Покемони, Супер Марио, Зелда кои не се само игри, туку дел од современото културно наследство.

Од карти до конзоли, од неуспешни експерименти до глобален триумф приказната на Nintendo не е само историја на една компанија, туку и историја на визија, истрајност и бескрајна љубопитност што ја менува светот.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.