Крајот на август има посебен ритам алармите се сè поблиску, училишниот прибор исчезнува од полиците побрзо отколку што успевате да направите список, а прашањето „Дали имаме сè за на училиште?“ станува дел од секојдневните разговори. За децата, почетокот на училиштето е нова авантура, но за мајките често значи враќање во сериозен логистички режим.
Back to School
Повеќе
Секој септември доаѓа со истата рутина: нови учебници, нова облека, нова опрема и буџет што одеднаш се чувствува потесен отколку што требаше. Списокот никогаш не е пократок, само сметката на крајот на месецот станува подолга. А паниката во последната недела од август? Таа не е задолжителна.
Што ако целата подготовка – книги, облека, техника, дури и она „уште нешто“ што секогаш се најде на дното на списокот – се случува со план, а не со трчање низ продавници во последен момент?
Секоја година, крајот на август и почетокот на септември доаѓаат со истата мешавина од возбуда и стрес: нови почетоци, нови распоред на предмети, нови рутини, но и нови трошоци. Купување ранци, учебници, прибор, облека, патики, спортски опрема, екскурзии – списокот расте, а буџетот се стеснува.
All articles loaded
No more articles to load