Милијардер кој во 90-те ja вложил животната заштеда во индустрија која не постоела, денес советува како да започнете

Џеј Чаудхури никогаш не мислел дека ќе води бизнис, ќе стекне богатство или ќе помогне во популаризацијата на цела индустрија. Расте во рурална Индија, се сели во САД во 80тите на студии по инженерство и маркетинг, а своето прво работно место го добива во технолошките гиганти IBM и Unisys.

milijarder-1808-fi

Извор: YouTube

„Во моето семејство  на земјоделци не постои претприемништво. Така, ако ме прашате: ‘Дали некогаш сум размислувал да станам претприемач во детството или раните години од својата кариера?’ Па не баш,“ вели Џеј Чаудхури, милијардер, основач и извршен директор на компанијата за безбедност во дата центар (cloud security) Zscaler, за CNBC Make It.

Беше потребен процут на dot-com во Силиконската долина — диви приказни за успехот на технолошките старт-ап компании како Netscape — за да го натераат Чаудхури во 1996та да размисли: „Зошто да не основам компанија?“ Тој донел брза одлука да ја напушти позицијата извршен директор во технолошката компанија IQ Software со седиште во Атланта, а неговата сопруга Јиоти ја напуштила работата како системски аналитичар во телекомуникацискиот гигант BellSouth.

milijarder-1808-ps1

Извор: Freepik

Заедно ја вложиле својата животна заштеда — околу 500.000 долари — во SecureIT, старт-ап за софтвер за сајбер безбедност што го основале во 1997 година.

„Во тоа време, можеби помалку од 5 проценти од компаниите на листата Fortune 500 имале заштитни ѕидови (firewalls)“, вели Чаудхури. „Во рок од 18 месеци, поставивме заштитни ѕидови во околу 50 проценти од тие компании.“

Неговиот тајминг бил совршен: 1998 година, Чаудхури го продава SecureIT на компанијата VeriSign во договор за сите акции вреден речиси 70 милиони долари. Во следната деценија, двојката основа уште две компании за сајбер безбедност и електронска трговија.“

До 2007 година, тие веќе биле богати претприемачи, а Чаудхури — кому му е „досадно“ кога не работи ништо — решил дека е време да започне „една голема компанија и да се фокусира на тоа 200 проценти,“вели тој.

Таа компанија беше Zscaler, која имала цел да им помогне на компаниите да преминат од застарени заштитни ѕидови во ерата на облаците (cloud). Парот вложува 50 милиони долари од својот сопствен капитал. Денес фирмата носи 1,6 милијарди долари годишен приход и има пазарна вредност од околу 30 милијарди долари.“

Forbes го проценува сопствениот нето капитал на Чаудхури на 11,5 милијарди долари.

Тука тој зборува за тоа како ја ставил на ризик  заштедата на своето семејство за да го следи своето внатрешно  чувство, како неговото воспитание влијаело на неговиот однос кон парите и советите што би ги дал на некого кој сака да ја напушти работата за да започне бизнис.

Што го поттикна Чаудхури да ја вложи целата животна  заштеда во идејата за започнување бизнис?

„Ова се случи бидејќи сакам да читам и сакам технологија“, одговара тој. „Во 1996 година, Netscape беше лансиран и излезе во јавност, и бев фасциниран од него. Реков: ‘Ако основачот на Netscape, Марк Андрисен, може да започне компанија – тој беше младо момче, со штотуку завршен факултет – зошто и јас да не основам компанија?‘

Тој додава дека со сопругата разговарале неколку пати, и колку повеќе размислувале за тоа, толку повеќе се увериле дека одлуката е правилна. Чувството е една работа. Ставањето на  секој долар на ризик е нешто друго, вели тој.“

milijarder-1808-ps2

Извор: Freepik

„Сè започна така што рековме: ‘Одиме кон финансиски ризичен капитал’. Немав искуство во собирање средства и брзо разбрав дека тоа не е толку лесно. Тоа беше 1996 година и Атланта не беше центар за ризичен капитал и постојано слушавме: ‘Еј, ти немаш никакво искуство‘.“

Биле разочарани, но нивното уверување било уште поголемо, што доведе до тоа да одлучат да ја стават својата животна заштеда на ризик.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.