Овој пионерски настан, кој ќе се одржува од 27 јули до 25 август, е воедно првиот од ваков вид на настани во Македонија, и ги поканува сите тек-ентузијасти и љубопитни умови да ги истражат најмодерните можности на најновите иновации на Samsung, Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6. На Galaxy AI Café, посетителите ќе имаат ексклузивна можност лично да ги испробаат овие револуционерни уреди, а за секоја информација ќе можат да им се обратат на обучените промотери на Samsung.
Galaxy Z Fold6 е подготвен да импресионира со својот голем екран, кој ја издигнува продуктивноста до нови височини. Присутните можат од прва рака да ги искусат функциите Galaxy AI*, како Пребарување со заокружување (Circle to Search) и Асистент за белешки (Note Assist), алатки дизајнирани да го олеснат Вашиот работен тек и да ја засилат Вашата ефикасност. Овој импресивен паметен телефон дефинитивно ќе Ви го привлече вниманието со своите иновативни карактеристики, како што е чипсетот Snapdragon 8 Gen 3, најмоќниот чипсет за Android моментално на пазарот, како и подобрените функции со вештачка интелигенција оптимизирани за уреди на преклоп, како што е режимот за превод во реално време кој може да прикажува разговори на секоја половина од екранот. Овие достигнувања го прават Galaxy Z Fold6 извонреден уред во областа на технологијата за преклопување.
Извор: Samsung
Galaxy Z Flip6 од друга страна ја прикажува револуционерната камера FlexCam, која го редефинира начинот на кој го фотографираме и споделуваме нашиот свет. Заедно со Galaxy AI Flex Zoom со автоматско кадрирање и функцијата Преведувач, ја подобруваат комуникацијата во сè поповрзаниот свет. Во овој извонреден паметен телефон се споени стилот и функционалноста, благодарение на иновативните карактеристики. Неговите подобрени камери способни да снимаат 4K видео, и предноста на неговиот фактор на форма ќе овозможат импресивни фотографии и селфија, сликани од разновидни агли и иновативна употреба на надворешниот екран. Системот на камерати на Galaxy Z Flip6, кој користи вештачка интелигенција за неверојатна фотографија, претставува значителен чекор напред од претходните модели, обезбедувајќи им на корисниците помоќно и пофлексибилно фотографско искуство. Дополнително, Galaxy Z Flip6 поседува и можности за Galaxy AI, како што се преводи во живо и помош за разговор, што го прави паметен избор за тек-ентузијастите.
Настанот Galaxy AI Café, кој започнува утре и ќе продолжи во следните 30 дена, не е само сведоштво за технологијата, туку е и можност да навлезете во неа. Samsung ве поканува да ни се придружите на прекрасното Охридско Езеро и да ја видите, допрете и искусите иднината на мобилната технологија. Дојдете и бидете дел од движењето што го преобликува начинот на кој комуницираме со нашите уреди и со светот околу нас.
Извор: Samsung