Завеси
За сите кои имаат радијатор покрај прозорец, едноставна техника од две секунди може да направи голема разлика, велат експерти од компанијата California Shutters. Според нив, една вообичаена навика може да ве чини топлина и пари. Прекривањето на радијаторот со завеси изгледа убаво, но е голема грешка.
Експертите велат дека е најдобро завесата да се навлече зад радијаторот или да се постави на прозорската даска за максимално да се искористи греењето.
„Кога завесата ја спуштаме преку радијаторот, топлината се апсорбира од најблиската ладна површина – обично прозорецот – загревајќи го стаклото наместо просторијата. Никој не сака да троши енергија на загревање на прозорецот,“ изјавиле за The Sun.
„Едноставно навлечете ја завесата зад радијаторот или оставете ја на прозорската даска, за топлината од радијаторот правилно да циркулира низ просторијата. Во исто време, завесите делуваат како бариера што спречува губење на топлината преку прозорците,“ додаваат.
Алуминиумска фолија
Мајсторот за изолација Мајкл Реј од National Insulation Supplies има уште еден паметен начин да извлечете максимум од вашите радијатори по најниска цена.
Тој открива како едноставен кујнски материјал може значително да ги намали трошоците за греење.
„Со поставување на големи парчиња алуминиумска фолија на задниот дел од радијаторот, топлината се насочува назад во просторијата. Овој трик е уште поевтин ако веќе имате алуминиумска фолија во кујната.“
Реј објаснува дека ова функционира бидејќи алуминиумската фолија е одличен рефлектор на топлина.
Ако е правилно поставена, фолијата делува како топлотна бариера, враќајќи ја топлината назад во животниот простор и намалувајќи ја количината на енергија потребна за одржување на пријатна температура – што може да го намали вашиот трошок за греење.
Извор: Bizlife.rs