Некои руски нафтени компании користат биткоин, Ether и стабилни криптовалути како Tether за да ја олеснат конверзијата на кинескиот јуан и индиската рупија во руски рубљи, изјавиле изворите.
Додаваат дека оваа метода сè уште претставува мал, но растечки дел од вкупната руска трговија со нафта, која според Меѓународната агенција за енергија лани изнесувала 192 милијарди долари.
Криптовалутите веќе им помогнаа на земји како Иран и Венецуела, кои се под американски санкции, да ги одржат своите економии и да го избегнат доларот, кој е доминантна валута во глобалната трговија со нафта.
Русија се сврте кон оваа метода откако Венецуела го забрза користењето на дигиталните валути за извоз на сурова нафта и гориво, откако Вашингтон повторно воведе санкции.
Извор: Web Mind, Pixabay
Русија има развиено различни алтернативни системи за плаќање, а USDT (Tether) е само една од опциите, изјави петтиот извор, истражувач во компанија што го следи користењето на криптовалути за избегнување на санкциите.
Еден од изворите смета дека Русија ќе продолжи да користи криптовалути во трговијата со нафта, дури и ако санкциите бидат укинати и доларот повторно стане достапен. „Ова е практичен алат кој овозможува побрзи трансакции,“ додал изворот.
Иако криптовалутите играат сè поголема улога, аналитичарите нагласуваат дека традиционалните валути и понатаму сочинуваат најголем дел од руските нафтени трансакции. Покрај криптовалутите, Русија користи и други алтернативни методи на плаќање, вклучувајќи трансакции во дирхами од Обединетите Арапски Емирати (UAE).
Извор: bizlife.rs