Директорот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Главниот извршен директор на компанијата Nvidia, Џенсен Хуанг, смета дека нуклеарната енергија е добра опција за обновлива енергија, потребна за сè поголем број податочни центри.

nvidia-2208-fi

Извор: Bizlife.rs

„Нуклеарната енергија е непроценлива како еден од изворите на енергија, еден од изворите на одржлива енергија,“ рече Хуанг во интервју за Bloomberg Television.
„Таа нема да биде единствен извор. Ќе биде потребна енергија од сите извори за да се балансира достапноста и цената на енергијата, како и одржливоста со текот на времето.“

Во некои делови од светот, производството на електрична енергија веќе е недоволно за изградба на нови податочни центри. Ова станува сè поголем проблем бидејќи најголемите светски компании вложуваат стотици милијарди долари во нова инфраструктура за која веруваат дека е иднината на информатиката.
Овој притисок води до компромиси околу локацијата на новите „фабрики за вештачка интелигенција“, како што ги нарекува Хуанг. Некои податочни центри не можат да се пополнат со целосен капацитет, а други се градат далеку од населените центри.

Лидерот на Nvidia тврди дека производите на неговата компанија, иако бараат повеќе енергија од своите претходници – најновата генерација на чипови бара повеќе од еден киловат – се поефикасни затоа што можат побрзо да ја завршат работата на обука и активирање на ВИ софтвер и да заменат повеќе постари компоненти.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.