Но, како се зголемува конкуренцијата во дигиталниот простор, така и концептот за SEO за е-трговија значително еволуира. Од клучни зборови, до целосна анализа на алгоритми, корисничко искуство и содржина, добро конципиран SEO е апсолутен must доколку сакате да се издвоите.
Зошто е важно SEO за е-трговијата?
„SEO e must и игра клучна улога во зголемување на бројот на конверзии на е-commerce веб-сајтовите преку зголемување на органскиот сообраќај. Со правилно оптимизирање на веб-сајтовите, тие стануваат посоодветни за клучните зборови кои ги користат потенцијалните купувачи/посетители, што резултира со привлекување на целната публика која веќе има интерес за производите или услугите. Кога веб-страниците се видливи и лесни за навигација, посетителите полесно ги наоѓаат информациите што ги бараат, а тоа резултира со повисока стапка на конверзија“, вели Цветанка Јошева, директор за дигитален маркетинг и SEO експерт во Represent Communication Skopje.
Извор: Цветанка Јошева
Во дигиталниот свет каде нема граници и каде милиони е-трговци се натпреваруваат за вниманието на потрошувачите, SEO e клучна алатка за истакнување и ефективно достигнување на целната публика.
Тактики за зголемена видливост и органски сообраќај
Ефективната имплементација на SEO за е-трговија дозволува веб-сајтот да се појавува што е можно погоре во резултатите од пребарувањето за релевантни клучни зборови. Ова е важно бидејќи повеќето корисници имаат тенденција да кликнат на првите резултати што ги гледаат. Зголемената видливост во пребарувачите директно се преведува во зголемен органски сообраќај, што е суштинско за успехот на секоја онлајн продавница.
- Важно е во насловите и описите да ги вклучиме релевантните клучни зборови кои се користат во пребарувањата, а се соодветни на содржината на веб-страницата. Насловите треба да бидат кратки, јасни и привлечни (препорачливо е до 60 знаци), а клучните зборови да ги позиционираме на самиот почеток на насловот.
- Описите треба да ги содржат карактеристиките и предностите на производот, истовремено да се информативни и лесно читливи, а и да ги содржат клучните зборови. Описите се вашата прва бесплатна реклама и затоа треба умно да ги напишеме (околу 150-160 знаци). Не претерувајте со прекумерно и нерелевантно користење на клучни зборови.
Како најновите промени на алгоритмот на Google ги поместуваат правилата за дигитален маркетинг и што значи тоа за вашата веб-страница
Подобрување на корисничкото искуство
SEO не е само за пребарувачите, туку и за создавање оптимално корисничко искуство. Добро оптимизираната веб-страница е лесна за навигација, брзо се вчитува и е достапна на различни уреди. Ова не само што ги задоволува алгоритмите на пребарувачите, туку и ги задоволува посетителите, што може да ги зголеми стапките на конверзија и лојалноста на клиентите. Но, ако го земеме предвид фактот дека денес буквално на сите ни е телефонот залепен за рака, од особено значење е мобилната оптимизација.
„Респонзивноста на веб страницата е клучна кога станува збор за SEO. Google преферира веб сајтови кои се максимално респонсивни, бидејќи повеќе од 80% од посетите доаѓаат од мобилните телефони. Google воведе „mobile-first“ индексирање што значи дека прво се користи оваа верзија оптимизирана за мобилни уреди при одредување на рангирањето. Веб-сајтовите кои се добро оптимизирани за мобилни уреди обезбедуваат подобро корисничко искуство што вклучува брзо вчитување, лесна навигација и читлив текст. Тоа значително ја зголемува веројатноста за задржување на посетителите и нивното конвертирање во купувачи. Ако мобилните корисници се соочуваат со проблеми при вчитување или навигација на веб-сајт, тие веројатно ќе ја напуштат страната. Мобилна респонзивност може значително да ја намали стапката на одбивање и да ги задржи корисниците подолго на вашата страница“, додава Цветанка.
Кредибилитет и доверба
Сајтовите што се појавуваат на врвните позиции во резултатите од пребарувањето се перципираат како покредибилни и подоверливи од страна на корисниците. Со имплементација на SEO стратегии за онлајн продавници, бизнисот може да ја изгради својата онлајн репутација, што е од витално значење во средина каде довербата на потрошувачите е клучен фактор за донесување одлука за купување.
Но, како полесно да ги донесеме купувачите до check-out?
„Оптимизацијата на процесот на плаќање треба да го вклучува минимизирањето на бројот на чекори потребни за завршување на трансакцијата, како и максимална функционалност на сите форми за пополнување во целиот процес на онлајн купувањето. Дополнително, треба да имаме и user-friendly URL, како и оптимизирање на брзината на секој чекор во процесот на купување. Сите овие промени водат кон подобрено корисничко искуство“, вели Цеце.
Фидбекот од клиентите е важен
Содржината генерирана од корисниците во форма на рецензии и оценки, може значително да го подобри SEO-то. Секоја рецензија или оценка придонесува сајтот да има кредибилитет меѓу посетителите и да ја гради нивната доверба Тоа не води кон повеќе посети, повеќе engagement и зголемен број на конверзии.