Spotlight Conference започнува утре во Амстердам: Кои се главните трендови во дигиталниот маркетинг?

WebMind.mk ќе ги покрие најважните моменти, ќе ги пренесе најновите иновации и трендови и ќе ги сподели највпечатливите искуства од Spotlight Conference 2024. Следете нè за ексклузивни вести, интервјуа и многу повеќе, директно од Амстердам!

spotlight-2334-fi

Извор: WebMind Редакција

Утре, 29 октомври, започнува една од најпрестижните конференции за дигитален маркетинг и комуникациски стратегии – Spotlight Conference, организирана од SemRush во срцето на Амстердам.

Оваа конференција, ќе ги собере најистакнатите експерти, лидери и иноватори од светот на дигиталниот маркетинг, со цел да ги споделат најновите трендови и стратегии кои ќе ја обликуваат иднината на дигиталните комуникации.

Како медиумски партнери , од прва рака ќе ви ги пренесеме сите иновативни решенија и практични знаења кои со нас ќе ги споделат еминентните предавачи од различни индустрии. Со повеќе од 60 експерти, 500 учесници во живо и 25 водечки компании како партнери и спонзори, Spotlight Conference е настан кој несомнено ќе ни го збогати знаењето и ќе ни ги прошири видиците.

Главни теми и експертски сесии

Конференцијата започнува утре со богата агенда која вклучува комбинација од главни говори, интерактивни сесии и работилници, се со цел да им помогне на учесниците да ги унапредат своите вештини и да ги откријат најновите трендови во дигиталниот маркетинг. Некои од најважните теми на агендата се:

  • Attention + Reactions = Growth: Како да го конвертирате забавниот маркетинг во продажба, со John Thornton, креативен копирајтер во SURREAL. Оваа сесија ќе покаже како креативниот и неформален пристап може да донесе реални резултати во бизнисот.
  • Community-Led Growth: Стратегии за создавање, ангажирање и зголемување на вашата публика, со Elfried Samba, извршен директор и ко-основач на Butterfly 3ffect и поранешен шеф на социјалните медиуми во Gymshark. Оваа сесија ќе биде вистинско ментално уживање за оние кои сакаат да изградат лојална и активна заедница околу својот бренд.
  • Mastering Multi-Channel Marketing: Важни совети од технолошки и финансиски гиганти, со Adnan Falioun, маркетинг директор за EMEA во Mastercard. Дознајте како глобалните лидери ги користат мултиканалните стратегии за да го прошират својот досег и ангажман.
  • AI-Driven Creative Strategies for Marketers: Креативни стратегии со помош на вештачка интелигенција, со Max Rascher, основач на TheLazyMarketer. Оваа сесија ќе ги истражи потенцијалите на вештачката интелигенција во маркетингот и како таа може да го промени начинот на работа.
  • Advertising Strategies for Maximum ROI: Совети за оптимизирање на повратот на инвестициите од рекламите, со Matheus Pescini, шеф за раст и задржување на корисници во Gisou. Оваа сесија ќе ги разгледа најдобрите практики за зголемување на ефективноста на вашите рекламни кампањи.
  • How to Amplify Your Brand Story by Activating Employee Advocacy: Како да ја засилите приказната за вашиот бренд преку ангажман на вашите вработени, со Anna Bertoldini, глобален експерт за бренд маркетинг во NIQ. Оваа сесија ќе ги покаже начини на кои вработените можат да станат амбасадори на вашиот бренд.

Spotlight Conference 2024 ќе се одржи во импресивниот Passenger Terminal Amsterdam, лоциран во центарот на градот, со прекрасен поглед на каналите на Амстердам. Оваа локација нуди одлични услови за учење и мрежни активности, како и уникатни инсталации и забавни искуства.

Во експо-зоната која ќе биде отворена цел ден, учесниците ќе можат да откријат нови идеи, да формираат стратешки партнерства и да пронајдат алатки кои ќе им помогнат да го развијат својот бизнис во дигиталната ера.

SemRush работилници

29  октомври, е резервиран за  SemRush работилниците за оние кои сакаат да ги унапредат своите вештини. Овие работилници ќе овозможат учесниците да стекнат нови знаења и сертификати во напредни тактики за SEO, како и да научат како социјалните медиуми можат да се претворат во генератори на потенцијални клиенти.

Во текот на двата дена, ќе има и различни сесии за мрежно поврзување, овозможувајќи создавање на нови деловни контакти и соработки. Конференцијата ќе заврши со завршна коктел-забава на 31 октомври.

Економист по професија, претприемач по вокација, психолог по потреба. Цврсто верува во континуиран раст и развој, љубител на книги и добра музика, и верен пријател на визуелната уметност.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.