На интернет-форумот Coche Spias протекоа првите фотографии и илустрации од новиот Jaguar, кој го најавува новиот дизајнерски правец на овој британски бренд во сопственост на индиската компанија, вклучувајќи нов визуелен идентитет и лого. Малку подоцна и самата компанија го објави изгледот на новиот модел на социјалните мрежи.
Електричниот концептен GT автомобил претставува прв чекор, по што ќе следат три сериски електрични модели.
Концептот официјално ќе биде претставен на манифестацијата Miami Art Week.
Според првите рендери/скици, изгледа дека новиот дизајнерски правец е комбинација од елементи од минатото (долгата хауба) и футуристички минимализам, сличен на оној што Tesla го претстави со својот Cybertruck модел.
На предниот дел од автомобилот може да се забележи и влијанието на автомобилите на Rolls-Royce, но денес оригиналноста е реткост, па затоа дизајнерите на Jaguar тешко би можеле да бидат обвинети за копирање.
https://www.instagram.com/p/DDGS7CJxdj6/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_video_watch_again
Задниот дел на автомобилот нема стакло (за видливост наназад очигледно се задолжени камерите), а присутна е мрежеста структура со интегрирани светла.
Серискиот модел, кој Jaguar неодамна почна да го тестира на патиштата, ќе има 575 коњски сили и домет поголем од 680 километри. Почетната цена на автомобилот ќе биде околу 120.000 евра.
Извор: Bizlife.rs