Истражувачите денес наоѓаат подобри начини за екстракција на вода за пиење, компост, па дури и енергија од отпадните води. Не е одвратно. Тоа е наука, пишува Wired.
Компанијата Epic Cleantec ја пресретнува т.н. сива вода на зградата (нечиста вода која не содржи човечки измет или остатоци од храна) и ја спроведува низ резервоари и лавиринт од цевки за фино филтрирање и дезинфекција со хлор и УВ светлина. Добиената течност потоа се враќа во казанчињата на становите за да се користи за испирање на тоалетите.
„Според регулативата, ја користиме оваа вода само за примени кои не вклучуваат пиење“, вели Арон Тартаковски, ко-основач и извршен директор на Epic Cleantec. „Научно, можеме да произведеме квалитетна вода за пиење. Факт е дека компанијата вареше пиво со рециклирана вода од оваа зграда. „Ние ги претвораме отпадните води – што според мене е термин кој итно треба да се ребрендира – во чиста вода, во обновлива енергија и во земја“, вели Тартаковски.
Теоретски, искористената вода што излегува од вашиот дом содржи 10 пати повеќе енергија отколку што е потребна на пречистителната станица за нејзина обработка. Исто така богата е со вредни хранливи материи и минерали, вели Питер Греват, извршен директор на Фондацијата за истражување на водата, непрофитна организација поддржана од американските претпријатија за водоснабдување.
Покрај рециклирањето на водата, Epic Cleantec експериментира и со разменувачи на топлина кои можат да извлечат енергија од отпадните води на зградата и да ја користат за загревање на водата што се враќа назад во сситемот, намалувајќи ги на тој начин сметките за комунални услуги. Компанијата, исто така, развива систем кој ја преработува „црната вода“ на жителите – која вклучува човечки измет и органска храна од кујнски мијалници и машини за миење садови – во ѓурбиво за почва.
Расипничко трошење на водата во градовите
Денес, 56 отсто од човештвото живее во градовите, но тој број се очекува да се зголеми на 70 отсто до 2050 година. Градовите користат огромни количества вода, особено кога нивното население станува побогато (а со тоа и порасипничко) и урбаната индустриска активност се зголемува.
Неодамнешното истражување откри изненадувачка динамика за тоа како ќе се одвива урбаниот раст. Гасовите на стаклена градина се зголемуваат подлинеарно на растот на градот, што значи со побавно темпо отколку што се зголемува населението, делумно поради ефикасноста поврзана со работи како што е јавниот превоз. Цврстиот отпад, кој завршува на депониите, скока линеарно, што значи дека расте во склад со промените во човечката популација. Сепак, отпадните води скокаат суперлинеарно, па така растат побрзо од растечката популација. Со други зборови: Колку е поголем градот, толку е порасипнички со вода, иако неговата потрошувачка на енергија станува поефикасна.
Технологијата за вадење свежа вода од отпадните води постои со децении
Во Сан Диего, каде што водата се рециклира од 1981 година, двете станици за третман на вода заедно произведуваат 21 милион галони вода секој ден (во годишен просек), а планот е да се зголеми капацитетот во наредните години. Технички таа вода не се смета соодветна за пиење, па затоа се користи за земјоделство и индустрија. Но, во 2026 година, Сан Диего ќе започне со испорака на вода за пиење, благодарение на уште понапредните техники за прочистување: отпадните води се изложени на озон, кој ги убива бактериите и вирусите, потоа поминува низ филтри, а потоа низ ултрафини мембрани со толку мали пори што практично само молекули на вода може да помине низ нив. На крајот, производство ќе се зголеми доволно за до 2035 година да се обезбеди половина од водата за пиење во градот преку прочистување. Овој процес кој подразбира изградба на високотехнолошка пречистителна станица е многу скап, сепак како технологијата созрева и трошоците паѓаат. Прочитајте повеќе за оваа тема тука.