Webmind Редакција

Webmind Редакција

За жал ниту еден агол од планетата Земја нема да биде поштеден од климатските промени во иднина. Сите ние, во помала или поголема мера, ги чувствуваме последиците од порастот на температурите и нивото на морето, загадувањето на воздухот и сушите. Сето ова предизвикува климатска миграција од најранливите области, и иако се прават глобални напори за ублажување на негативните влијанија, претпоставката е дека овој феномен ќе станува сè почест.
Асоцијацијата за е-трговија на С.Македонија – АЕТСМ ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот (географска поделба по земји) во 2024, согласно кои Македонците со своите платежни картички во странство потрошиле за онлајн пазарење 284.4 милиони евра во 7.4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн.
Со порастот на вештачката интелигенција, компаниите и државите ширум светот се натпреваруваат за врвни таленти во оваа технолошка област и работат на усовршување на своите вработени во доменот на ВИ.
Сајбер криминалците постојано смислуваат нови начини за кражба на пари од платежни картички користејќи податоци добиени преку фишинг на интернет или телефон. Во некои случаи, дури и држење на картичката блиску до телефонот може да биде доволна причина да останете без пари.
GenoME, компанија за генетски истражувања со седиште во Сингапур, оставила незаштитена база на податоци на Интернет, со што биле откриени околу 2,5 милиони фотографии од лица на корисници кои учествувале во нивните истражувања. Покрај сликите, протекле и податоци за потеклото, полот, возраста и единствени идентификатори, а сето тоа било поврзано со истражувањето на ВИ за генетиката и физичкиот изглед.
Американската технолошка компанија Meta ја претстави новата генерација на големи ВИ јазични модели – Llama 4. Новата серија вклучува модели наречени Llama 4 Scout, Llama 4 Maverick и Llama 4 Behemoth, и носи значајни подобрувања во разбирањето на јазикот, обработката на податоци и мултимодалните способности, што овозможува нивна примена во широк спектар на апликации – од деловни алатки до креативни платформи.
All articles loaded
No more articles to load