Извршена првата операција во Македонија со користење на технологија за виртуелна реалност

Денес во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ Скопје беше извршена првата операција потпомогната од технологија за виртуелна реалност (VR). Оваа процедура беше изведена од д-р. Стефан Арсенков, абдоменален хирург во болницата и ко-основач на компанијата 3DLoom (3ДЛум).

virtuelna-realnost-2214-fi

Извор: 3D Loom, д-р. Стефан Арсенков

За време на операцијата за отстранување на жолчното ќесе кај 32-годишна пациентка, д-р. Арсенков користеше VR очила кои даваа пренос  во реално време и имерсивна визуализација на самата процедура. Користењето на оваа најнова технологија овозможи подобрена прецизност и контрола, како и значително подобрување на ергономијата што пак ги зголеми можностите на хирургот за успешно спроведување на операцијата.

„Ова е монументален потфат не само за нас како болница и тим, туку и за нашиот целокупен здравствен систем“ кажа д-р. Арсенков. „Воведувањето на технологијата за виртуелна реалност во операционата сала претставува значаен скок напред во пристапот кон комплицираните операции. Истата ни овозможува нам хирурзите уште подетална видливост и подобрена ергономија, што значи и подобар исход за нашите пациенти.“

Оваа успешна операција означува важен момент во имплентирањето на новите технологии во медицината кај нас. Таа го трасира патот за поширока примена на истите во разни области на хирургијата, особено при долготрајните и комплицирани операции и поставува нови стандарди за квалитет во грижата за пациентите.

„Среќни сме што го постигнавме овој успех и продолжуваме во нашата мисија на спојување на медицината со најновите технологии.” кажа д-р. Арсенков. „Овој успех е награда за работата и посветеноста на целиот наш тим и ние сме возбудени околу позитивните придобивки за пациентите и целата медицинска фела.“

За повеќе информации околу 3DLoom и нашата иновативна примена на новите технологии во полето на медицината, посетете ја нашата веб-страница или пак контактирајте нè на [email protected] или на 071 321 607

За 3DLoom

3DLoom е мед-тек компанија посветена на спојување на новите технологии како вештачката интелигенција, 3Д печатењето и виртуелната реалност со медицината. Нашите решенија се создадени со цел да ја унапредат грижата за пациентите и да ги подобрат исходите од оперативните зафати.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.