Кога ќе дојде првата заработка, младите дури тогаш сфаќаат со колку малку знаење влегле во светот на возрасните. Генерацијата Z, преку социјалните мрежи, успеа да го прекине генерацискиот товар.
Табуто околу парите како генерациско наследство
Табуто околу парите е присутно во многу западни земји. Forbes како еден од корените на овој проблем ја препознава Британија, каде богатите никогаш не зборувале за пари ги пуштале тие „да зборуваат сами за себе“.
На регионално ниво, претходните генерации се устручувале да разговараат за пари меѓусебно. Децата растеле без да знаат колку заработуваат нивните родители – затоа што е „срамота да се праша“ и „не е нивно да знаат“. Несигурната средина може да создаде и финансиска анксиозност. Често се случувало децата да не се свесни дека родителите влегле во период на финансиска криза, па нивните желби грубо се одбивале. Несвесноста и недостатокот на образование во училиштата за основите на финансиското управување создаваат терен за збунета генерација. Сепак, Gen Z ја менува матрицата.
Парите престануваат да бидат табу кај помладите генерации, кои своите работни искуства ги споделуваат преку социјалните мрежи. Едукацијата повеќе не е во училиштата, туку онлајн, а приказните за инвестирање и штедење се дел од нивниот живот уште од тинејџерските години.
Социјалните мрежи стануваат безбедно место
Еден од начините на кои парите полесно влегуваат во секојдневните разговори е преку социјалните мрежи и препораките што ги објавуваат инфлуенсерите. Стана вообичаено да се наведува колку нешто чини не за да се истакне статус, туку за да се даде одговор на прашањето кое сите го поставуваат: „Дали ова вреди?“
Така, оние што патуваат секогаш ги наведуваат цените на храната или влезниците во своите видеа. Идејата е дека транспарентноста најдобро ја покажува искрената намера на travel-инфлуенсерите. Истото важи и за препораки за шминка, облека или обувки. Социјалните мрежи помогнаа да се разбие табуто од прашањето: „Колку чини ова и дали вреди да ги потрошиме парите?“
Покрај инфлуенсерите кои го нормализираат разговорот за цени, сè поприсутни се и креатори кои ги споделуваат своите искуства од одредени професии, фриленсери кои транспарентно зборуваат колку ги наплаќаат своите услуги, како и стручни луѓе кои во кратки видеа објаснуваат основни поими од економијата.
Истражување во Британија покажало дека младите се двојно посклони да разговараат за пари отколку постарите генерации. Gen Z отвора ново поглавје во управувањето со финансиите. Тежнеењето е кон отворен и транспарентен разговор – меѓу пријателите, семејството и работодавачите.
Извор: bizlife.rs