Патувањата никогаш покомпликувани: Нови такси, контроли и забрани низ Европа

Европа ја привршува годината во која патните правила доживеаја најголеми промени во последната деценија.

patuvanja-4973-fi

Извор: Unsplash

Од дигитализација на границите и нови проверки, до повисоки туристички такси и построги казни за непримерно однесување 2025 година целосно го промени начинот на кој патниците влегуваат, престојуваат и патуваат низ европските земји, а дел од мерките допрва стапуваат во сила во 2026.

Годината беше исклучително динамична за патувања низ Европа, со заострување на контролите што се однесуваат на сè од граници до масовен туризам. За да се зачува рамнотежата помеѓу животот на локалното население и приливот на туристи, многу дестинации воведуваат нови правила што влијаат на подготовките за пат, однесувањето за време на престојот и трошоците. За патниците што влегуваат во ЕУ воведени се дополнителни проверки, бидејќи блокот преминува на дигитални граници.

Во продолжение следува преглед на најважните трендови и промени во патните правила во Европа во 2025 година.

Европа ги заострува граничните контроли

ЕУ го пушта во работа Entry/Exit System (EES)

ЕУ на 12 октомври официјално го пушти во употреба новиот систем за влез и излез (EES), чија фаза на воведување ќе биде целосно завршена до 10 април 2026. Наместо печат во пасош, патниците од земји што не се членки на ЕУ, а ја преминуваат надворешната шенгенска граница, ќе мора електронски да остават биометриски податоци – информации од пасошот, отпечатоци од прсти и фотографија, пренесува Euronews Travel.

Системот ги опфаќа сите земји од ЕУ освен Ирска и Кипар, како и Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн. Целта е полесно идентификување на оние што ќе го пречекорат дозволениот престој, подобрување на безбедноста и прецизно евидентирање на влезовите и излезите низ европските бази на податоци.

Додека земјите се приспособуваат, патниците треба да сметаат на подолги чекања при влез во дел од шенгенските држави, но долгорочно, системот би требало да ги забрза и поедностави контролите.

ETIAS одложен до 2026 година

ETIAS – европскиот систем за електронска авторизација на патници требаше да стартува по EES во текот на 2025 година, но е поместен за крајот на 2026.

Граѓаните на земји на кои не им е потребна виза за Шенген ќе мора да пополнат онлајн одобрение пред влез. Цената ќе биде 20 евра за повеќето патници. Дозволата овозможува престој до 90 дена во рамките на 180, а важи три години.

Британскиот ETA стапува во целосна примена во 2026 година

Британскиот систем за електронска патна авторизација (ETA) е воведен во 2023 година, но сè уште не се применува строго. Тоа ќе се смени во февруари 2026, кога патниците од 85 безвизни земји ќе мора да поседуваат дигитална дозвола за кратки престои во Обединетото Кралство. Цената на апликацијата е 16 фунти (околу 18,20 евра), а важи две години.

patuvanja-4973-ps1

Патувањата поскапуваат низ Европа

Патниците во 2025 не се соочуваат само со нови такси и инфлација низ Европа растат и туристичките такси, казните и ограничувањата за краткорочно сместувачко изнајмување.

Градови како Париз и Барселона воведуваат построги правила за краткорочно изнајмување станови за да ги заштитат локалците од растот на кириите. Тоа, меѓутоа, значи помала понуда на пристапен сместувачки тип како Airbnb.

Цените ги креваат и ноќните туристички такси воведени на Исланд, во Шпанија, Норвешка и Велика Британија, како и продолжувањето на дневната такса за посетители што доаѓаат во Венеција само на еден ден. Целта е финансирање на туристичката инфраструктура и заштита на преоптоварените дестинации.

Европа се насочува кон концептот „квалитетен туризам“ — помал број посетители, но со поголема потрошувачка и помал притисок врз локалните заедници.

Особено се погодени љубителите на зимски спортови: цените на ски-картите во Швајцарија, Австрија и Италија пораснаа и до 40% во однос на 2021 година поради растечките трошоци за енергија и одржување.

Европа го сузбива непримерното однесување на туристите

Покрај финансиските мерки, многу дестинации воведуваат нови правила против несоодветно туристичко однесување.

Сан Себастијан е последниот во низата шпански градови што воведуваат забрана за пушење на плажите, додека португалската Албуфеира воведе казни за туристи што шетаат премногу разголени надвор од плажа. Во пристаништето во Палма се забранети брод-журките, со цел да се намали бучавата и да се растовари инфраструктурата.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.