Златен ретривер доби работа во ИТ компанија – и тоа како директор за среќа

Еден стартап од Индија, Harvesting Robotics, стана вирален на социјалните мрежи откако – верувале или не – вработи куче. Нивниот нов член на тимот е златен ретривер по име Денвер, а неговата официјална функција е Chief Happiness Officer, односно директор за среќа.

retriver-3743-fi

Извор: freepik

Оваа необична, но трогателна вест ја сподели на LinkedIn коосновачот на компанијата, Рахул Арепака, кој објасни дека Денвер е задолжен за кревање на моралот, ширење радост и, не помалку важно, воведување на официјална pet-friendly политика во компанијата.

Harvesting Robotics развива иновативна технологија за еколошко уништување на плевел со помош на ласери, но очигледно не заборава што е навистина важно во секое работно опкружување – добра атмосфера, позитивна енергија и среќен тим.

Денвер уште од првиот ден стана миленик на сите – ги пречекува колегите на влезот, присуствува на состаноци (удобно сместен под маса, се разбира), и редовно носи насмевки на лицата на сите во тимот.

retriver-3743-ps1

Извор: freepik

Овој потег предизвика лавина позитивни коментари на мрежите, а луѓе од целиот свет ја поздравија идејата дека работната средина треба да биде помалку стресна, а многу повеќе човечна… или во овој случај – кучињаста.

Се повеќе компании ширум светот воведуваат функција Chief Happiness Officer, било како лице или – како во случајот со Денвер – четириножен пријател. Иако на прв поглед звучи како шега, станува збор за сериозен тренд што покажува колку е важна емоционалната благосостојба на вработените во современото работење.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.