Според реалновременската листа на милијардери на Forbes, богатството на Ванг се проценува на 22,7 милијарди долари, со што тој стана најмладиот член на кинеската милијардерска елита, заедно со основачот на ByteDance, претседателот на Nongfu Spring и коосновачот на Tencent.
Кукла поради која луѓето лудуваат и трошат илјадници долари
Акциите на Pop Mart на берзата во Хонгконг од почетокот на годинава утројно ја зголемија својата вредност, достигнувајќи над 270 хонгконшки долари. Labubu куклите, дизајнирани од уметникот Kasing Lung, станаа колекционерски хит меѓу светските ѕвезди како Ријана, Дуа Липа и Лиса од групата Blackpink.
Играчката изгледа како несташен зајак – со шилести уши, остри заби и палавa насмевка – и предизвикува вистински хаос каде и да се појави. По лансирањето на третата серија во април, во една продавница во Лондон дури дошло до тепачка меѓу обожаватели, подготвени да платат до 50 фунти по примерок.
Во Кина, фигура во природна големина била продадена за 150.000 долари на аукција во Пекинг, додека Ping An банка се обидела да привлече нови клиенти нудејќи Labubu како подарок за депоненти на 50.000 јуани – што регулаторите брзо го забраниле како „непримерен поттик“.
Извор: Unsplash
Ретка играчка што пробива културолошки бариери
Благодарение на огромната побарувачка, инвестициските банки како Deutsche Bank и Morgan Stanley ги зголемија целните цени за акциите на Pop Mart. Deutsche Bank, на пример, ја зголеми проценетата вредност за 52%, на 303 HKD.
„Ретки се франшизите од светот на стриповите и играчките кои успеваат да пробијат културолошки бариери и да освојат и Исток и Запад,“ изјави аналитичарката Џеси Ксу.
Извор: bizlife.rs