Секој креативен гениј, од Да Винчи до Ајнштајн, имал една заедничка навика

Моцарт, Ајнштајн, Да Винчи. На прв поглед сосема различни личности, но сите тие имале нешто заедничко: секој ден одвојувале време да не прават — апсолутно ништо.

umetnici-3412-fi

Извор: Freepik

Тоа не било време за планирање, ниту за размислување, а уште помалку за „креативна работа“. Тоа било време за тишина, за слободно лутање на мислите, за ум кој мирува. Да Винчи знаел со часови да седи пред своите слики, само гледајќи ги. Ајнштајн се опуштал со бавно нишање во чамец, пловејќи и мисловно и физички.

За ова пишува и неврологот д-р Ненси Андреасен, која со години го проучувала животот на исклучително креативни луѓе. Нејзиното откритие е едноставно: тие свесно создавале простор за она што го нарекуваме „безделничење“. И токму во тие моменти на тишина и безгрижно лутање на умот, се раѓале најкреативните идеи.

Мозокот во безделничење не се гаси – туку се пали

Мозокот во тие моменти не се исклучува, како што често мислиме. Тогаш, всушност, се активира. Се поврзуваат далечни мисли, се создаваат неочекувани врски, се појавуваат решенија и сознанија што никогаш не би можеле да ги „изнудиме“ со свесен напор.

Тоа е оној миг на „клик“ што се случува додека шетаме, идејата што се раѓа под туш, мислата што се оформува додека гледаме низ прозорец. И тоа не е случајност – туку научно докажан процес.

Забораваме како е да се биде во тишина

Го научивме мозокот никогаш да не мирува. Секој слободен момент го пополнуваме со уште едно скролање, уште една нотификација, уште еден е-маил. И потоа се чудиме зошто немаме идеи, зошто сме во креативна блокада, зошто не можеме да најдеме решенија.

„Затоа е важно повторно да научиме да бидеме — досадни,“ вели американскиот писател на седум бестселери на New York Times, Даниел Пинк.

„Прошетајте без телефон. Седнете десет минути во тишина. Гледајте низ прозорецот. Не правете ништо – затоа што токму во тоа ’ништо‘ често се крие сè што ви треба. Креативноста не доаѓа кога ја повикуваме. Таа доаѓа кога ќе направиме простор да нè пронајде.“

Затоа, закажете си време за неструктурирано размислување. Вашиот мозок ќе ви биде благодарен.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.