Во време кога над 60% од урбаните потрошувачи во Македонија веќе активно користат е-комерц платформи, секој нов ваков потег е повеќе од навремен. Онлајн продавниците за козметика и лична нега овозможуваат со само неколку клика да се нарачаат омилените производи, од шминка и парфеми до сè што е потребно за секојдневната рутина.
Овие иницијативи се дел од пошироката дигитална трансформација во ритејл индустријата, која сè повеќе ги следи глобалните трендови. Одговорот на растечката побарувачка за онлајн шопинг, која значајно се зголеми по пандемијата, денес е стратешки императив за многу брендови.
Она што го очекуваат модерните потрошувачи сега е целосно интегрирано шопинг искуство: модерни онлајн платформи, ексклузивни понуди достапни само онлајн, програми за лојалност и персонализирани препораки. Ова е проверената формула што им носи успех на глобалните beauty & lifestyle брендови – тренд што се поинтензивно се пресликува и на домашниот пазар.
Во овој контекст, македонските брендови што сакаат да останат релевантни веќе инвестираат во нови дигитални канали. Во ера кога брзината, практичноста и персонализацијата стануваат клучни вредности за секој модерен потрошувач, онлајн присуството е повеќе од потреба, тоа е стратешка неопходност.
Следниот чекор е јасен: пазарот е подготвен, потрошувачите се подготвени а нам останува да видиме кои домашни брендови ќе понудат онлајн шопинг искуство од следната генерација.
WebMind редакција