А кој всушност е Лабубу?
Пред сè: Лабубу е девојче. Луѓето често претпоставуваат дека е машко, но фановите знаат добро, дека станува збор за девојче. Лабубу, исто така, не е самостоен лик, таа е дел од поголема група наречена The Monsters (Чудовишта), создадена од хонгконшкиот уметник и автор Касинг Лунг.
Чудовиштата првпат се појавуваат во 2015 година во трилогија сликовници инспирирани од нордиската митологија, а во 2019 година, компанијата Pop Mart ги претвора во вирусни винил колекционерски играчки што ги познаваме денес.
Лабубу се опишува како „вилинско суштество“, и според Pop Mart, „и покрај палавиот изглед, таа е добронамерна и секогаш сака да помогне, но често ненамерно предизвикува спротивен ефект“. Можеби изгледа малку страшно, но има добро срце.
Ако налетате на суштество што личи на Лабубу, но има опашка со боцки, тоа не е Лабубу, тоа е Зимомо, водачот на The Monsters (Чудовишта), и не, Зимомо и Лабубу не се пар. Лабубу веќе има дечко, Тајкока, чудовиште што личи на скелет и е вегетаријанец.
Извор: Freepik
Зошто Лабубу е толку популарна?
Лабубу стекна огромна популарност благодарение на Лиса од групата BLACKPINK, која во интервјуа и на социјалните мрежи изјави колку ја обожава. Оттогаш, побарувачката експлодира, фановите чекаат во редици преку ноќ и плаќаат далеку над малопродажната цена за да ја поседуваат.
Денес, серијалот The Monsters е најпродаваната франшиза на компанијата Pop Mart, и според податоци на NBC News, минатата година оствари продажба од 419 милиони долари. Иако најбарани се приврзоци за чанти, фигурите од Лабубу, додатоците и брендираните соработки и понатаму се достапни.
Што е Лафуфу?
Со растот на популарноста на Лабубу се појави и една негативна појава на лажни фигури од Лабубу, кои шеговито се нарекуваат Лафуфу, го преплавија пазарот, и од далеку изгледаат доста уверливо. Но, одблиску? Стануваат очигледни разликите.
Како да ја препознаете Лабубу?
–Број на заби: Вистинската Лабубу има точно девет заби, ни помалку, ни повеќе.
–Детали на лицето: Внимателно погледнете ги очите и руменилото, кај фалсификатите често се забележуваат лошо обоени или недовршени детали.
–Шевови: Шевот на челото на Лафуфу-фигурите обично е нерамномерен или грубо изведен.
–Печат на стапалата: Вистинската Лабубу има врежан Pop Martлоготип и натпис O Kasing на стапалата.
Извор: bizlife.rs