А бегството ви е потребно, за да се издвоите од секојдневната бучава и метеж, да се поврзете со внатрешната тишина и да се регенерирате одвнатре. Многу луѓе негуваат разни хобија, поради кои се чувствуваат добро и забележуваат бројни предности од тие активности. Меѓутоа, за бавење со хобија потребно е и интерес и време и енергија, а со сето тоа можеби сте во дефицит.
Можеби омилената забава паднала во заборав последните години, или можеби никогаш не сте ја пронашле навистина „вашата работа“. Во секој случај, вреди да се разгледаат причините поради кои хобијата се важни особено ако барате начини да го подобрите своето ментално здравје.
Зошто е важно да се има хоби
Хобито го зголемува чувството на задоволство од сопствениот живот
Толку многу нешта спаѓаат во хобија од спортско-рекреативни до креативни активности. Буквално можете да одберете било што што ве изместува и ви овозможува да искусите flow.
Сакате да набљудувате птици, да цртате карикатури, да пишувате песни, да читате, да одгледувате цвеќиња, да се занимавате со домашни миленици, да собирате маркички, да осмислувате аутфити? Сето тоа (и уште многу друго) може да биде ваше хоби. Практично, не е важно што сметате за свое хоби бидејќи бавењето со него е она што е важно.
Кога правите нешто од чисто задоволство, се активира сигурен систем на наградување на вашиот мозок. Додека се занимавате со нешто во кое уживате, се ослободуваат хемикалии кои предизвикуваат добро расположение и се чувствувате исполнето и наградено.
Освен моменталното задоволство, хобијата исто така можат да ви помогнат да се носите со стресот од вашите секојдневни обврски. Дури и кога се чувствувате како да немате време или енергија за било што, по исцрпувачкиот работен ден. Истражувањето кое ја испитувало врската помеѓу долгото работно време, депресијата и благосостојбата, даде интересни резултати. Покрај очигледното негативно влијание на продолженото работно време (повеќе од 40 часа) врз менталното здравје, се покажа дека хобијата помагаат во ублажување на тие негативни ефекти.
Пронаоѓањето хоби кое го сакате е исто така долгорочна инвестиција во себе. Мета-анализа од 2023 година обработи податоци за повеќе од 93.000 постари лица. Откри дека испитаниците со хобија (дефинирани како активности кои се извршуваат од задоволство во слободното време) самите пријавиле подобро здравје, среќа и задоволство од животот. Од друга страна, луѓето кои искусиле знаци на депресија поретко се занимавале со хобија.
Но, веројатно не ви се потребни студии за да ви го кажат она што интуитивно го знаете: Времето за опуштање и рекреативни активности е неопходно. Значи, без оглед на видот на хобито, тоа е позитивна сила во вашиот живот, сè додека навистина уживате во тоа.
Извор: Lummi
Позитивни ефекти на хобито
Постојат многу придружни бенефити, кои би биле премногу за набројување, вклучувајќи престој на воздух, благодети од креативно изразување, дружење или осамување.
Меѓутоа, постои еден преглед кој идентификува повеќе од 600 начини на кои хобијата позитивно влијаат врз здравјето и благосостојбата. Анализирајќи ги минатите истражувања за различни активности во слободното време, од играње игри до волонтирање, ги поделија сите начини на кои хобијата можат да бидат добри за вас во четири корисни категории. Во основа, открија дека, во зависност од специфичната активност во слободното време, можете да имате позитивни психолошки, биолошки, општествени ефекти и ефекти во однесувањето.
Психолошките користи можат да бидат моментална добивка за вашето расположение или долгорочно подобрување на вашите вештини за отпорност и чувството за себе. Биолошките ефекти можат да се јават во облик на подобри физички перформанси (на пример, преку спорт и вежбање), како и подобрена имунолошка функција и помалку болка.
Во меѓувреме, некои хобија отклучуваат мноштво општествени користи, вклучувајќи борба против осаменоста и подобрување на општествените вештини. Други хобија носат користи во однесувањето и создавањето добри навики и рутини. Тоа вклучува хобија кои ве извлекуваат надвор, поттикнуваат вештини на внимание или ве тераат да се држите до распоредот.
Ако немате хоби – не стресирајте се
Постои шанса да сте дошле до тоа да се чувствувате виновни или под стрес бидејќи всушност немате хоби. Или барем не она во кое навистина уживате. Не грижете се! И тоа е добро за вас. Или барем ви нуди добра прилика да испробате нешто ново што е исто така поврзано со зголемување на среќата.
Доколку сè уште не сте го пронашле своето омилено хоби, немојте да ги форсирате нештата. Бидејќи, ако верувате дека слободното време посветено на хобија е чист губиток, вреднувајте го своето уверување. Немојте да дојдете во ситуација да жалите што губите време во некои „глупости“. Иако многу активности кои можете да ги испробате се во основа добри за вас најважната состојка е тоа всушност да го сакате и да уживате.
Наспроти сите позитивни аспекти на хобијата, запомнете дека тие не мора да бидат „корисни“ за да вредат за вашето време. Правете го тоа затоа што уживате во него! Пречесто себеси се убедуваме дека мора да бидеме продуктивни и да дадеме приоритет на важните нешта, како заработување пари, унапредување на вештините, напредување во кариерата… А потоа завршуваме монетизирајќи ги своите хобија, што го зголемува притисокот и ја одзема забавата.
Не мора да имате хоби само затоа што тоа е добро и позитивно. И секако заслужувате некое во кое уживате без никаква причина и оправдување.
Извор: easylife.rs