Филтрите не се само шминка – тие стануваат дигитална хирургија, во реално време.

Во светот каде камерата се вклучува пред да се погледнеме во огледало, прашањето што останува е: дали ја препознаваме сопствената слика – или гледаме дигитална верзија на себеси?

filter-3597-fi

Извор: Freepik

Со присуството и редовното користење на актуелните апликации навикнати сме да на располагање ни стојат десетици филтри за убавина: поголеми очи, потесен нос, полни усни, мазна кожа. Нивната употреба е толку вкоренета во дигиталната комуникација што веќе не знаеме каде завршува нашето вистинско лице и каде почнува дигиталната маска.

Она што пред неколку години почна како забава, денес е технолошки усовршен AR алат, развиен од гиганти како Meta, Snapchat, ТикТок и бројни beauty tech компании. Овие алатки не само што го менуваат начинот на кој се гледаме себеси, туку и го обликуваат нашето чувство за естетика, самодоверба и идентитет

Дали ова претставува проблем кој треба да не загрижува?

На прв поглед  не. Кој не сака да изгледа малку посјајно, малку посредено, малку „подобро“? Но, токму тука се крие замката: кога дигиталната верзија станува стандард, реалноста почнува да изгледа некако недоволно.

Проблемот не е во самите филтри, туку во тоа што се почесто забораваме дека тие не се вистина.

Социјалните мрежи не се веќе само алатки за комуникација, тие стануваат огледала со селективен приказ, каде секој ден ја менуваме својата реалност за да се вклопиме.

Можеби е време да се потсетиме дека најавтентичната верзија од нас , без маска, без филтер  е веќе вредна, и дека вистинската убавина и покрај се, нема потреба од ефекти.

Извор: WebMind редакција

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.