„Нова Црвена свадба“ како од Игра на троновите? Серијата „Еуфорија“ ги надмина очекувањата

Новата епизода на HBO серијата „Еуфорија“ ги шокираше гледачите со брутална сцена која се одигра по венчавката, а социјалните мрежи веднаш почнаа да ја споредуваат со легендарната „Црвена свадба“ од „Игра на троновите“. Третата сезона на популарната серија премиерно беше прикажана на 12 април 2026 година на HBO, односно на HBO Max, а новите епизоди излегуваат еднаш неделно.

svadba-5677-fi

Извор: Youtube/HBO Max/Screenshot

Брутална прва брачна ноќ

Во третата епизода, Нејт и Кеси се враќаат дома по свадбената прослава, каде ненадејно ги дочекуваат извршители (собирачи на долгови). Ситуацијата брзо излегува од контрола и ескалира во насилство Кеси завршува на подот, а Нејт е тешко претепан. Најмачниот момент доаѓа кога напаѓачите му го отсекуваат малиот прст на ногата, додека Кеси гледа згрозено и плаче.

Споредби со „Црвената свадба“

Сцената се прошири на интернетот за само неколку минути, а многу гледачи веднаш ја споредија со славната свадбена катастрофа од „Игри на троновите“. Обожавателите признаваат дека не очекувале толку високо ниво на хаос во „Еуфорија“.

„Венчавката на Кеси и Нејт изгледа како втората најхаотична венчавка на телевизија, веднаш по онаа во Игри на троновите“, напиша еден гледач. Друг се согласи: „Мислев дека ништо не може да го надмине врвот на ‘Црвената свадба’, сè додека оваа епизода не ме убеди во спротивното.“

Контроверзии ја следат целата сезона

За новата сезона се зборуваше уште пред оваа епизода, најмногу поради нејзиниот тон. Во најавите, Кеси беше прикажана во облека која за многумина беше непријатна и контроверзна. Оваа епизода сега само дополнително ја поттикна дебатата.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.