ЧЕТИРИ јапонски правила за чист дом

Јапонската култура одамна го фасцинира светот со својата дисциплина, едноставност и неверојатен ред во секојдневниот живот. Она што однадвор често делува како перфекционизам, во суштина е длабоко вкоренет начин на размислување спој на традицијата, почитувањето на просторот и свеста за тоа како опкружувањето влијае на внатрешниот мир.

dom-5674-fi

Извор: Magnific/greensinyyo

Она што многумина не го знаат е дека Јапонците не ја чистат куќата „кога имаат време“, туку имаат систем на навики кои се пренесуваат со генерации. Редот не е резултат на големо неделно чистење, туку на ситни, доследни дејствија кои се повторуваат секојдневно. Токму во таа доследност лежи тајната на нивните уредни домови.

Поради тоа, нивните домови речиси секогаш делуваат уредно, прозрачно и смирувачки. Нема чувство на пренатрупаност, нема наталожени работи кои „чекаат подобар момент“. Просторот дише, а со него и луѓето кои живеат во него.

Ова се четири клучни правила кои ги следат и кои секој може да ги примени.

„Малиот неред се чисти веднаш“

Во Јапонија постои правило дека ништо не се остава за подоцна ако може да се заврши за една минута. Чаша, хартија, облека или ситен неред – веднаш се враќаат на своето место. Идејата е да не се дозволи акумулирање на хаос кој подоцна станува стрес.

Оваа навика делува безначајно, но има огромен ефект. Наместо да се соочувате со хаосот на крајот од денот или неделата, просторот константно се одржува во рамнотежа. Психолошкиот ефект е еднакво важен, малите, брзи победи создаваат чувство на контрола и ја намалуваат анксиозноста.

Еднаш неделно „ресет на домот“

Јапонците еднаш неделно поминуваат низ куќата и ги отстрануваат работите кои не ги користат: стари хартии, кутии, непотребни предмети. Тоа не е генерално чистење во класична смисла, туку еден вид инвентура на просторот.

Овој принцип не е само чистење туку ментално растеретување на просторот. Секоја работа која не ја користиме, а ја чуваме, зафаќа не само физички, туку и ментални простор. Редовното „ресетирање“ на домот помага да се направи јасна разлика помеѓу она што ни е потребно и она што не оптоварува.

Минимализам во просторот

Помалку работи значи помалку чистење. Јапонските домови се познати по тоа што немаат пренатрупани полици и непотребни декорации. Секој предмет има своја цел, но и свое место.

Минимализмот тука не е естетски тренд, туку функционална филозофија. Кога во просторот имате само она што го користите и го сакате, полесно е да се одржува редот, но и носите посвесни одлуки за купување. Со тоа се прекинува маѓепсаниот круг на трупање работи кои брзо губат вредност.

Чистотата како ментална состојба

За Јапонците, чистотата не е само физичка туку и психолошка. Веруваат дека уредниот простор директно влијае на концентрацијата, расположението и енергијата во куќата.

Во многу јапонски училишта децата сами ги чистат училниците, не како казна, туку како начин да развијат одговорност и однос кон заедничкиот простор. Таа филозофија се пренесува и во приватниот живот чистата околина значи појасни мисли, подобра организација и помалку стрес.

На крајот, јапонскиот пристап кон одржување на домот не се сведува на совршенство, туку на рамнотежа. Не е поентата куќата да изгледа како од каталог, туку да биде место во кое се чувствувате мирно, фокусирано и растеретено. А тоа, како што покажуваат овие навики, не се постигнува со големи напори – туку со мали, но доследни чекори секој ден.

Извор: odrzime.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.