Кога afterwork-от станува бизнис сцена: нов концепт што ги претвора компаниите во бендови

Во речиси секоја компанија има некој што свири гитара, некој што пее „само за себе“ или некој што барем еднаш предложил да се направи бенд. Обично, тие идеи остануваат на пауза меѓу состаноци и рокови.

biz-bendovi-5676-fi

Извор: Webmind редакција

BIZBendovi ја зема токму таа идеја и ѝ дава простор да се случи. Станува збор за нов afterwork концепт во кој компании формираат сопствени бендови составени од свои вработени и, во текот на неколку месеци, се подготвуваат за настап во живо. Без огромна амбиција за професионализам, но со доволно мотивација да направат нешто заедничко што излегува од рамките на секојдневната работна динамика.

Од локална идеја до регионална сцена

Од локална идеја до регионална сцена, BIZBendovi не се нова и непроверена идеја. Напротив, концептот веќе има своја историја, своја публика и своја енергија. Во Србија, BIZBendovi се развиваат од 2018 година и со текот на времето стануваат препознатлив формат што на едно место ги собира луѓето од различни компании, професии и индустрии. На таа сцена не се среќаваат само музичари. Таму застануваат маркетери, инженери, адвокати, луѓе од финансии, HR тимови, менаџери и креативци – сите со една заедничка работа: страст кон музиката и желба да покажат една поинаква страна од себе.

Македонија наскоро добива своја сцена

По успешната приказна во Србија, концептот сега се шири и регионално, а Македонија е дел од тоа ново поглавје. Кулминацијата е настан во септември, замислен како голема afterwork журка со повеќе бендови, публика и жири. Ќе има гласање, ќе има победници.

Затоа што понекогаш, најдобрите тимови не се градат само во канцеларија, туку и на afterwork!

Следете не за повеќе детали!

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.