Озонската обвивка е дел од Земјината стратосфера кој содржи високи концентрации на триозон и ефикасно спречува голем дел од штетното ултравиолетово зрачење од Сонцето да стигне до површината на планетата. Уште од седумдесеттите години на минатиот век, научниците предупредуваа на потребата од регулација на хлорофлуоројаглеродите (CFC) хемикалии кои се наоѓаа во секојдневните производи како клима-уредите и аеросол спрејовите, поради нивното негативно влијание врз овој слој на атмосферата.
Environmental Protection Agency ја забрани производството на CFC соединенија во 1978 година. Сепак, токму трудот објавен во списанието Nature, чии автори беа Џо Фарман (Joe Farman), Брајан Гардинер (Brian Gardiner) и Џонатан Шанклин (Jonathan Shanklin), прв конкретно укажа на годишното намалување на озонската обвивка над Антарктикот.
Меѓународната заедница реагираше необично брзо, веројатно затоа што ненадејната појава на „дупка“ во атмосферата претставуваше впечатлива и лесно разбирлива приказна. Веќе две години подоцна, како директен одговор на статијата во Nature и дополнителните истражувања кои ги потврдија наодите, 46 држави го потпишаа Монтреалскиот протокол (Montreal Protocol), обврзувајќи се постепено да ги укинат супстанциите за кои е познато дека предизвикуваат оштетување на озонската обвивка.
Договорот подоцна го ратификуваа сите 197 членки на Обединетите нации (United Nations), а научниците денес проценуваат дека озонската обвивка би можела да се врати на нивото од пред 1980 година до крајот на 21 век. Поради брзината на реакцијата и речиси едногласното прифаќање на договорот ширум светот, поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, го нарече Монтреалскиот протокол „можеби најуспешниот меѓународен договор до денес“.
Извор: odrzime.rs